Божиќна приказнаПримерок
Зошто сум фаворизиран?
Божиќната приказна е добра вест за сите што некогаш се почувствувале безначајно, некомпетентно или игнорирано. Зошто? Поради тоа што овие луѓе имаат главна улога во Божиќната приказна.
Само за момент заборави на сѐ што знаеш за Божиќ и замисли си дека си свесен дека Бог ќе дојде на земјата и ќе се роди во човечка фамилија. Што мислиш, какви луѓе би одбрал Бог да бидат Негови родители на земјата?
Можеби си мислиш дека ќе бидат некоја моќна религиозна фамилија или некоја богата брачна двојка со специјални вештини и полно резиме со духовни достигнувања.
Сети се дека Божиќната приказна е полна со изненадувања и Бог наместо да одбере ваква моќна брачна двојка, ги одбрал последните луѓе што се очекува да ги одбере.
Марија беше млада, сама, немоќна и без големо влијание. Живееше во еден мал град како една обична жена, но Бог ја одбра неа да направи нешто неверојатно.
Еден Божји гласник ѝ кажа на Марија дека зачнала и го носи ветениот Спасител во утробата, иако е девица. Денес ќе читаме за реакцијата кога дознала за нејзината улога во Божјата приказна. За Марија, оваа вест беше знак дека Бог ги гледа и се грижи за обичните луѓе како неа и знак дека овој Спасител ќе ги издигне луѓето во светот што се сметаат за безначајни.
Божиќната приказна се противи на идејата дека ти е потребно богатство, влијание или некаква платформа за да направиш промена во светот. Безначајните, обични и неквалификувани луѓе се значајни за Бог и поради тоа Тој соработува со нив за да му покаже на светот дека се грижи за сите.
Следниот пат кога ќе се почувствуваш безначајно или неквалификувано, присети се на Божиќната приказна, таа служи како моќен потсетник на тоа дека нашата вредност доаѓа од Бог, кој нѐ гледа, нѐ љуби и сака да соработува со нас при канењето други луѓе во Неговата фамилија.
Моли се: Драги Боже, јас сум благодарен за Твојата љубов. Помогни ми да ја засновам мојата вредност на твојата љубов за мене, а не врз мислењата на луѓето. Те молам донеси ме до повредени луѓе, кои се чувствуваат безначајно, за да можам да се грижам за нив како што Ти се грижиш за мене. Во името на Исус, амин.
Свето Писмо
Опис за овој план
Во секоја добра приказна постои заплет—некој неочекуван момент што менува сè. Божиќната приказна претставува еден од таквите најголеми заплети во Библијата. Во текот на следните пет дена ќе го истражуваме тоа на кој начин овој единствен настан го смени светот и како може да го смени твојот живот уште денес.
More