Пет молитви на понизностПримерок
Молитва 4: „Господи, помогни ми да верувам во Твојот збор.“
Библијата е Божјото безгрешно, непогрешливо слово кон човекот. Јован поглавје 1 ни кажува дека Библијатa всушност e Исус во пишана форма!
Вистина е: Исус е словото и словото е Исус.
Размисли малку за ова. Оваа прекрасна вистина ќе те исполни со стравопочит и ќе те одведе до поклонение пред Исусовите нозе.
Но, како „Словото стана тело“ е поврзано со понизност?
Библијата е безгрешна и непогрешлива. Таа е целосно, стопроцентно вистинита. Сепак, кажува многу нешта што може да не ѝ се допаѓаат на нашата телесна логика:
- Кажува работи што нѐ осудуваат; нешта преку кои Бог бара да ги смени нашите срца.
- Кажува многу нешта кои грешната култура ги мрази.
- Најчудно од сѐ, кажува многу добри нешта кои нашите горди срца понекогаш не сакаат да ги прифатат.
Еве го клучот:
Потребна е понизност за да веруваме во добрите работи кои Бог ги кажува.
Не можам да ти доловам колку пати некој ми има кажано дека сака да верува во сите исправки кои Бог сака да им ги испрати — оние зборови што ни кажуваат кога грешиме. Но, истите тие луѓе седеле пред мене велејќи, практично во истиот здив, дека не се подготвени да веруваат во ниедна од добрите работи што Бог ги кажува за нив.
Пријателе, ако не го прифатиме сето она што Божјиот збор го кажува за нас — без разлика дали тој збор те охрабрува или осудува — тогаш имаме проблем со гордоста.
Ако не ги прифатиш сите работи што Бог ги кажува — дури и нештата што те поддржуваат; работи што се спротивставуваат на твојата лоша самодоверба — тогаш ти си горделив. А ако имаш горделивост во срцето, тогаш таа горделивост е навредувачка за Бога. Таа предизвикува Бог да стави „отпорници“ во твојот живот. И да, Неговата дисциплина ќе ти помогне да станеш понизен...
...но, нели би било многу полесно едноставно да одлучиш да веруваш во Него, без разлика што ти кажува?
Затоа се молиме, „Господи, помогни ми да верувам во Твојот збор.“
Верувањето во Божјиот збор е знак на понизност. Ако сакаме да веруваме во Божјиот збор, мораме да веруваме во сѐ што вели — дури и кога Неговиот збор ги урива нашите грешни навики, зли мисловни шеми ИЛИ нашата ниска самодоверба.
Пријателе, ако сакаш да бидеш понизен, одлучи се да веруваш во сѐ што кажува Бог:
- Верувај во Неговиот збор кога те осудува и исто толку верувај кога те истакнува.
- Верувај Му кога те дисциплинира и верувај Му кога те благословува.
Неговиот збор е вистинит, но мораш да слушаш со помош на Неговиот Дух — понизувајќи се пред Неговата моќна рака, за да ги ожнееш сите добра.
Свето Писмо
Опис за овој план
Ти треба повеќе Божја благодат, милост и благослов? Тогаш моли се со овие пет едноставни молитви на понизност, прашувајќи Го Бога да ти се смилува и да ти помогне. Тој ќе одговори на твојата молитва; Тој им дава благодат на понизните! И ако се понизиш пред Бога, тој ќе те издигне.
More