Пет молитви на понизностПримерок
Молитва 1: „Господи, направи ме понизен.“
Понизноста пред Бога е од голема важност; едноставната молитва Господи, направи ме понизен!може да го смени твојот живот.
Но, како и за што било, ние не можеме да станеме понизни без Божјата помош! Ние не можеме да направиме ништо без Неговата помош. Сети се што рече Исус во Јован 15:5: Без Него не можеме ништо!
Зошто да побараме од Бога да нѐ направи понизни?
1 Петар 5:5-6 вели дека Бог им се противи на горделивите, а на понизните им дава благодат. Божјиот збор исто така ни покажува дека Исус бил понизен; и секако, дека ние треба да Го имитираме Исус.
На патот на понизноста, наша работа е да Му се предадеме на Исус одново и одново секој ден. Како што го правиме тоа, фокусирајќи се на тоа да пребивуваме во Христа момент по момент, Тој ќе го направи Неговиот дел — а тоа е да ги смени нашите срца и да нѐ усогласи во неговиот лик. Само Бог има моќ да ги смени нашите срца.
Господ ќе ти даде чисти раце и чисто срце ако Го прашаш да го направи тоа.
Јас Го молам за ова скоро секој ден. (Би сакала да се молам за ова секој ден, но понекогаш заборавам). Но, секогаш кога ќе Го прашам да ме направи понизнa, чувствувам дека ме доближува малку поблиску до Себе.
Тој ќе го направи истото за тебе. Ако секој ден бараш од Бога да те понизи, Тој ќе те промени и ќе ти помогне да чекориш во светост и блискост пред и со Него.
Свето Писмо
Опис за овој план
Ти треба повеќе Божја благодат, милост и благослов? Тогаш моли се со овие пет едноставни молитви на понизност, прашувајќи Го Бога да ти се смилува и да ти помогне. Тој ќе одговори на твојата молитва; Тој им дава благодат на понизните! И ако се понизиш пред Бога, тој ќе те издигне.
More