Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Пет молитви на понизностПримерок

5 Prayers of Humility

5 ДЕН ОД 5

Молитва 5: „Господи, дај ми скршено и покајно срце.“

Псалм 51 е мојот омилен псалм за читање ако знам дека сум погрешила пред Бога.

Се разбира, јас никогаш не сакам да грешам. Но, како и повеќето од нас, понекогаш сепак грешам. И бидејќи секогаш Го молам Бога да ме контролира, Неговото осудување започнува веднаш кога ќе почнам да грешам против Него.

Кога грешам, понекогаш имам покајно срце уште од самиот почеток.

Во таков случај, се покајувам веднаш и ги поправам работите со Бога. Тоа се лесните денови, затоа што Тој ни простува веднаш штом ќе ги признаеме нашите гревови. (Види 1 Јован 1:9)

Меѓутоа, други денови, потребено ми е Господ да го смени моето срце. Можам да се налутам за нешто толку многу што нема ниту да се покајам за начинот на кој сум се однесувала. И во тие моменти, Го молам Бога да го смени моето срце—и да ме направи навистина да се покајам за мојот грев.

Секој од нас треба да се моли за скршено и покајно срце.

Да имаш скршено и покајно срце едноставно значи дека твоето срце ќе е постојано нежно кон Бога. Не значи дека ќе седиш наоколу и ќе бидеш депресивен, „умирајќи од скршено срце.“

Наместо тоа, значи дека ќе достигнеш и останеш во во постојана состојба на копнеење и љубов за Исус. И во тоа копнеење и љубов за нашиот Спасител, постојано ќе ја признаваш твојата зависност од Него. Таа нежност на твоето срце кон Исус произведува една интимност со Него, која ќе те исполни со неискажлива радост полна со слава.

Затоа, моли се вака денес:

„Господи, дај ми скршено и покајно срце, кое нема да го презираш!

Моли ја оваа молитва секојдневно, и продолжи да го бараш Бога како што се молиш. Само Тој е во состојба да го смени твоето срце и да те направи понизен пред Него. Но, како што чекори со тебе на твоето патување кон понизност, Тој ќе те награди многу — и Неговата благодат ќе се манифестира моќно во твојот живот.

Дали овој библиски план ти помогна? Ако сакаш дополнителни алатки и ресурси, разгледај ја нашата библиотека на бесплатни молитвени водичи на FromHisPresence.com!

Ден 4

Опис за овој план

5 Prayers of Humility

Ти треба повеќе Божја благодат, милост и благослов? Тогаш моли се со овие пет едноставни молитви на понизност, прашувајќи Го Бога да ти се смилува и да ти помогне. Тој ќе одговори на твојата молитва; Тој им дава благодат на понизните! И ако се понизиш пред Бога, тој ќе те издигне.

More

Би сакале да им се заблагодариме на From His Presence Inc. што го овозможија овој план. За повеќе информации, види: https://www.fromhispresence.com