Пет молитви на понизностПримерок
Молитва 2: „Дисциплинирај ме како што посакуваш.”
Понекогаш на нашето тело му е тешко да разбере, но Библијата нѐ учи дека Божјата исправка е знак на Неговата љубов. Господ не нѐ исправа од презир или злонамерност. Тој воопшто нема такви чувства кон нас. Тој е добар, милостив Татко, кој нѐ сака и знае дека ни треба дисциплина за да пораснеме и за да бидеме послични на Исус.
Господ нѐ исправа затоа што нѐ сака.
Затоа, штом Неговата дисциплинирачка рака е знак на љубов, нели би требало да копнееме по Неговата дисциплина? Нели би требало да го бараме Неговиот овчарски стап оддесно и одлево, за да ни го покаже правиот пат кон кој ќе чекориме?
Пријателе, зарем не посакуваш да го почувствуваш нежното повлекување на Божјата водечка рака што ќе те насочи кон патот по кој Тој сака да одиш? Прочитај Псалми 32:8 за да видиш што ни ветил Тој.
Секако дека треба да сакаме.
Пријателе, ако навистина сакаш да бидеш понизен пред Бога, побарај ја Неговата дисциплина.
Добро е да се биде проактивен за тоа. Добро е да Го прашаш Господ, „Те молам, Исусе, дисциплинирај ме како што посакуваш.“
Неговата дисциплина може само да нѐ направи подобри. Дополнително, нашите животи ќе бидат полесни ако проактивно и однапред ја бараме Неговата исправка и дисциплина, наместо да одиме по нашиот пат и да налетаме на неочекувани (или непосакувани) последици поради носењето лоши одлуки.
Пријателе, имаме Татко што нѐ сака и сака да нѐ исправи и води кога грешиме или кога ризикуваме да тргнеме по опасен пат. Зарем нема да Го прашаш денеска да те исправи на начин каков што треба, за да останеш на Неговиот прав и тесен пат?
Свето Писмо
Опис за овој план
Ти треба повеќе Божја благодат, милост и благослов? Тогаш моли се со овие пет едноставни молитви на понизност, прашувајќи Го Бога да ти се смилува и да ти помогне. Тој ќе одговори на твојата молитва; Тој им дава благодат на понизните! И ако се понизиш пред Бога, тој ќе те издигне.
More