Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Пет молитви на понизностПримерок

5 Prayers of Humility

3 ДЕН ОД 5

т

Молитва 3: „Господи, Те молам води ме и упатувај ме.“

Како што чекориш по животниот пат, ќе се соочиш со многу непредвидливи и предизвикувачки околности. Но, ако Го прашаш Бога да те води и упатува низ сѐ, Тој ќе ти го покаже патот на успехот во Него и ќе те заштити од патот на неуспех.

Кога Го прашуваш Бога проактивно да те води и упатува, ја признаваш твојата доверба во Него.

Кажувајќи ја оваа многу едноставна молитва од една реченица („Господи, Те молам води ме и упатувај ме!"), остваруваш неколку нешта:

  • Ја потврдуваш твојата потреба од Него.
  • Покажуваш дека немаш арогантно однесување на сезнајко.
  • Признаваш дека ти треба Исус да те води кон безбедно засолниште.
  • Активно признаваш дека Тој ги гледа нештата од далеку посупериорна перспектива од тебе; дека Тој знае повеќе од тебе; и дека ти треба Неговата мудрост.

Оваа едноставна молитва укажува на понизно срце и однесување, и Бог ќе те награди за истото.

Па, почни да се молиш! Наведни ја главата, како што си, и помоли се на Бога во името на Исус да те води и упатува. Тој ќе ја слушне твојата молитва. Ќе ти помогне да пловиш низ твојот живот и Неговите планови за тебе — со бескрајна мудрост, онака како што може само Тој.

Ден 2Ден 4

Опис за овој план

5 Prayers of Humility

Ти треба повеќе Божја благодат, милост и благослов? Тогаш моли се со овие пет едноставни молитви на понизност, прашувајќи Го Бога да ти се смилува и да ти помогне. Тој ќе одговори на твојата молитва; Тој им дава благодат на понизните! И ако се понизиш пред Бога, тој ќе те издигне.

More

Би сакале да им се заблагодариме на From His Presence Inc. што го овозможија овој план. За повеќе информации, види: https://www.fromhispresence.com