Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 1:1-14

Јован 1:1-14 MK2006

Во почетокот беше Словото, и Словото беше во Бога и Словото беше Бог. Тоа во почетокот беше во Бога. Сѐ стана преку Него и без Него ништо не стана, од она што постана. Во Него беше Животот и Животот им беше светлина на луѓето. Светлината свети во темнината и темнината не ја опфати. Имаше еден човек по име Јован, ис­пратен од Бога; тој дојде за сведоштво, да сведочи за Светлината, та сите да поверуваат пре­ку него. Тој не беше Светлината, туку дојде да сведочи за Светлината. Беше Вистинска Светлина, Ко­ја го осветлува секој човек, што доа­ѓа­ше во светов. Во светот беше и светот преку Него постана, но светот не Го позна. Дојде кај Своите, но Своите не Го примија. А на сите што Го примија – на сите што веруваа во Неговото име – им даде моќ да станат чеда Божји; кои не по крв, ни по желба на телото, ни од похот машка, туку од Бога се родија. И Словото стана тело и се всели ме­ѓу нас, полно со благодат и вистина; и ние ја видовме Неговата слава, слава како на Единороден од Отецот.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Јован 1:1-14

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност