Да им се прости на оние што нѐ повредуваатПримерок
Заборавање на грешките
Секојдневно собираме искуства за да се присетиме во иднината—се надевам за да се радуваме. Но понекогаш ни се случуваат лоши работи кои имаат постојано влијание во нашите животи. Понекогаш сме повредени како резултат на нечии туѓи лоши избори. Пијан возач може да помине лесно додека совозачот е вечно оштетен физички или психички. Секој може да нанесе штета на други како резултат на себични или безгрижни дела. Како ли да опростиме ваков тип на грешки?
Опростувањето вклучува намерно откажување од гревовите и тажниот однос на другите. Едноставно избираш да не ги памтиш грешките на другите. Псалм 103:8-12 го демонстрира Божјото опростување. “Тој нема константно да не обвинува” (иако има право да го направи тоа), и “тој ги избриша нашите гревови и не оддалечи од нив колку што истокот е оддалечен од западот.” Ова е вечна дистанца; два хоризонти кои никогаш не се среќаваат. Бог намерно ги трга нашите гревови од неговиот поглед и ги заборава! Но, како можеме и ние да практикуваме такво опростување? Само преку љубовта која ни е дадена од Светиот Дух може да се трансформира нашето срце доволно за да можеме “ да не ги памтиме грешките кои ни биле нанесени” (1 Коринтијаните 13:5). Овој начин на простување е закован поради Божјата милост во нашите срца, а мотивацијата за ова е вистинската љубов за другите.
Многу е тешко да опростиме кога постојано се фокусираме на нашите животни страдања и потешкотии. Наместо тоа размислете како Бог се справуваше со навредите: “На овој начин Бог го возљуби светот: го даде Неговиот еден и единствен син, за секој што ќе поверува во Него да има вечен живот.” (Јован 3:16). Божјата љубов за нас го предизвика да го пожртвува својот Син за да ни овозможи простување на нашите гревови. Дали и ние треба да опростуваме на ист начин? Да! Но не со наша сила! Природно е да ги памтиме случувањата во нашите животи. Некои работи никогаш нема да можеме буквално да ги “заборавиме.” Но дали чуваме листа од сите грешки кои ни биле нанесени од некој? Дали се присетуваме или имаме негативни чувства секогаш кога ќе ја видиме таа личност?
Божјото простување не ја брише нашата меморија, но овозможува да ги заборавиме грешките и да живееме во обновена врска. Со време, и преку Божјиот Дух, може да разбереме дека љубовта ги заменува нашите негативни мисли и чувства спрема оние што нè повредиле.
Свето Писмо
Опис за овој план
Независно дали страдаме од емоционална или физичка повреда, простувањето е столб во Христијанскиот живот. Исус Христос ги искуси сите видови на нефер и неправеден третман, дури до точка на погрешна смрт. Сепак, во неговиот финален час, тој му прости на крадецот што се подбиваше на другиот крст, како и на извршителите.
More