Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Да им се прости на оние што нѐ повредуваатПримерок

Forgiving Those Who Wound Us

3 ДЕН ОД 7

Обновување на врските

Дали твојот ум е заглавен поради некои скршени и болни врски?

Многу е тешко да имаш радосен дух кога умот ти е исцрпен. Некои напади што ги доживуваме можат да ја прекинат нашата врска со Светиот Бог. Нашето славење треба да биде чисто и непоречно. Христовото простување ни го гарантира пристапот до Бог, но тој има желба и ние да станеме како неговиот Син. Исус нѐ принудува да се „помириме” со другите. Да се помириме значи да ја обновиме врската и да ја донесеме во нормален ред. Ние го обесчестуваме Христос кога нашите врски не се во ред. Преку простувањето можеме да ги порамниме проблемите во нашите врски и да дојдеме пред Бог, со славење и чиста совест. Иако можеби другата личност не сака да се помири, ние сепак имаме должност да направиме сѐ за да се помириме.

Кога живееме на овој начин, му даваме чест на Христос, и нашето славење е слободно. Како што созреваме и стануваме повеќе како Христос, ќе разбереме дека за многу од навредите можеме да „замижиме". Наш избор е да не се чувствуваме навредено (види Изреки 19:11). Ние го шириме простувањето на другите препознавајќи дека ненамерно си штетиме едни на други. Ова е милостивиот одговор на многу гревови, одговорот што може да ни помогне да избегнеме непотребни соочувања и да спречи оштетени врски. Ваков зрел однос нè ослободува да уживаме во непречено заедништво со Бог и со другите.

Свето Писмо

Ден 2Ден 4

Опис за овој план

Forgiving Those Who Wound Us

Независно дали страдаме од емоционална или физичка повреда, простувањето е столб во Христијанскиот живот. Исус Христос ги искуси сите видови на нефер и неправеден третман, дури до точка на погрешна смрт. Сепак, во неговиот финален час, тој му прости на крадецот што се подбиваше на другиот крст, како и на извршителите.

More

Би сакале да им се заблагодариме на Џони и на пријателите, International and Tyndale House Publishers, на креаторите на Beyond Suffering Bible, што го овозможија овој план. За повеќе информации, ве молиме посетете нè на: www.beyondsufferingbible.com/