Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Да им се прости на оние што нѐ повредуваатПримерок

Forgiving Those Who Wound Us

2 ДЕН ОД 7

Простување како животен стил

Откако Исус ги научи неговите ученици како да се молат, Тој им даде важен увид во тоа како да чекорат заедно во овој скршен свет. Тој им покажа како Небесниот Татко ги гледа нивните меѓусебни врски и им го покажа начинот на кој треба да чекорат во неговата милост.

Не само што нашиот Татко ни го дава лебот секојдневно, туку ни овоможува секојдневна дисциплина. Простувањето на гревовите во овој пасус зборува за секојдневното акумулирање на погрешни дела, повредувања и грешки, кои се дел од верниот живот во еден пропаднат свет. Нашиот Татко сака да нè дисциплинира и во оваа сфера. Доколку станеме крути спрема некои луѓе и не сакаме да им простиме (бидејќи често нè повредуваат), нашиот Татко е добар зашто нè чува во Негова заштита додека не научиме како да простуваме. Тој е љубезен додека не соочува со гордоста и не потсетува на нашите грешки и недостатоци.

Да можеме да простуваме значи дека сме способни да ги признаеме нашите гревови спрема другите и најбрзо што може, да побараме простување од нив. Но, исто така, значи дека сакаме и сме спремни да им простиме на оние што ни грешат нам. Такво простување е возможно само кога ќе земеме предвид дека нашиот Татко веќе ни прости за сѐ преку Христос (Ефесјаните 4:32). Навредите и повредите што ги добиваме од другите се мали во споредба со тоа колку Христос страдаше поради нашите гревови спрема него.

Животниот стил на простување ни овозможува да не приметуваме мали навреди и да формираме врски што одржуваат здраво соочување наместо сериозни внатрешни гревови. Таквиот животен стил може да ни помогне да видиме свет полн со неправда каков што нашиот Татко гледа — свет со потреба од Спасител. Дури тогаш можеме да земеме удел во неговиот голем план за откупување на светот, преку проектирање на вистината на евангелието во нашите животи.

Свето Писмо

Ден 1Ден 3

Опис за овој план

Forgiving Those Who Wound Us

Независно дали страдаме од емоционална или физичка повреда, простувањето е столб во Христијанскиот живот. Исус Христос ги искуси сите видови на нефер и неправеден третман, дури до точка на погрешна смрт. Сепак, во неговиот финален час, тој му прости на крадецот што се подбиваше на другиот крст, како и на извршителите.

More

Би сакале да им се заблагодариме на Џони и на пријателите, International and Tyndale House Publishers, на креаторите на Beyond Suffering Bible, што го овозможија овој план. За повеќе информации, ве молиме посетете нè на: www.beyondsufferingbible.com/