Да им се прости на оние што нѐ повредуваатПримерок
Основи на простувањето
Кога гледаш грешки во други, што правиш?
Многумина од нас носат длабоки духовни рани, кои ни биле нанесени од други луѓе. Оние што нè повредиле можеби ќе кажат „жал ми е” и ќе продолжат понатаму. Можеби ќе глумат дека ништо лошо не се случило. Но, дали тебе ти е тешко да ги заборавиш деталите? Дали ги избегнуваш оние што те повредиле? Или од другата страна, можеби тие те одбегнуваат поради тоа што си им згрешил ним.
Во оваа парабола Исус го нарекува слугата зол поради тоа што откако му било простено, тој не покажал љубезност. Наместо љубезност, тој ги третирал неговите должници построго отколку што се третирал себеси. Додека го читаме овој пасус, нашите срца оплакуваат, „Не е фер!” Можеме јасно да ја видиме неправдата: слугата требаше да им ги опрости долговите на оние што му должат.
Ние препознаваме и посакуваме фер однос поради вообичаената Божја милост за нас. Како да реагираме на грешките во другите? Овој пасус нè предупредува за насобирање непростени нешта во нашите срца. Тука точно гледаме како Бог очекува да реагираме на грешниот однос кај другите — Тој очекува да простиме. Врз која основа Бог го наметнува ова очекување? Неговото очекување е заосновано на Неговото простување за нашите гревови. Ние многу често ги судиме другите со различен стандард од тој што го користиме за да се судиме себеси.
Ние ги гледаме гревовите на другите спрема нас како потешки од нашите грешки или очекуваме да ни биде покажана поголема милост во споредба со таа што сме самите ние спремни да ја дадеме. Ваквиот наш однос е забранет од Бог. Наместо ова, тој сака ние да се присетиме на Неговата милост и да дејствуваме во согласност со тоа. На крајот на краиштата, нашите гревови спрема другите се и гревови према Бог. Тој го создал секој еден од нас и посакува да се цениме еден со друг, дури и да ги ставаме потребите на другите пред нашите потреби (Филипјаните 2:1-4). Тој јасно го поставил високиот стандард за простување — подарок за наше спасение.
Како може да се промениш? Наведи неколку нешта за кои Бог ти опростил. Земи ја предвид Божјата љубов за тебе: преку Христос Тој даде начин за да ти биде простено, дури и ако го отфрлаш (Римјаните 5:8). Започни да им простуваш на другите, не поради тоа како се чувствуваш, туку врз основа на безплатниот милостив подарок што Бог ти го дава.
Свето Писмо
Опис за овој план
Независно дали страдаме од емоционална или физичка повреда, простувањето е столб во Христијанскиот живот. Исус Христос ги искуси сите видови на нефер и неправеден третман, дури до точка на погрешна смрт. Сепак, во неговиот финален час, тој му прости на крадецот што се подбиваше на другиот крст, како и на извршителите.
More