Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Да им се прости на оние што нѐ повредуваатПримерок

Forgiving Those Who Wound Us

6 ДЕН ОД 7

Христијанска „униформа”

Гледаме луѓе како носат униформи во разни индустрии. Било механичари, готвачи, келнери, медицински персонал, полицајци или пожарникари, сите носат униформи. Всушност, цели корпорации постојат со цел да снабдуваат и одржуваат чисти униформи. Но, дали постои нешто такво како „Христијанска униформа”? Е па, не во форма на облека, но секако во форма на каков начин се чуваме едни со други! Овој пасус нè охрабрува да се „облечеме”, што укажува на нашите намери и цели. Ние треба да се облекуваме на специфичен начин. Треба да се облекуваме во милост, доброта, понизност, нежност и трпение. Зошто? Бидејќи овие униформи ги носат индивидуалци што имаат недостатоци. Недостатоци од секаков вид. Па, Бог нè опремува со една листа од атрибути што го обележуваат Христијанинот, и потоа ни дава важна алатка за односи за да ракуваме со тие недостатоци — простувањето.

Простувањето е дневниот однос на зрелите верници. Бог нè избрал да бидеме свети луѓе. Да се биде свет „да се издвојува“ или „да се биде посветен”, со специфична цел — да се биде како Христос. Во овој пасус, ние сме издвоени за да ја прикажеме Божјата љубов едни на други. Сепак, Бог знае дека сите ние имаме недостатоци. Бог владее над тие недостатоци и очекува од нас меѓусебно да се прифатиме! Божјиот план е да нѐ направи просветлени (да бидеме свети, и посветени) верници, преку меѓусебна интеракција. Кога простуваме, ние се прилагодуваме на ликот на Божјиот син, Исус Христос. Нашите недостатоци и недостатоците на другите стануваат можности за практикување на доблеста на простувањето.

Дали сакаш да ги исповедаш твоите грешки (види Јаков 5:16)? Дали сакаш да се облечеш во милост, доброта, понизност, нежност и трпение? Дали сакаш да бидеш како Христос и да им простуваш на оние што те навредиле?

Простувањето е начин да се одбележи едно друштво на верници. Ние, секако, имаме придобивки живеејќи со навика да простуваме. Но, поголемо добро постигнуваме кога си простуваме едни на други: Бог е прославен, а Христос е издигнат и претставен пред цел свет. Ние личиме на Христос!

Свето Писмо

Ден 5Ден 7

Опис за овој план

Forgiving Those Who Wound Us

Независно дали страдаме од емоционална или физичка повреда, простувањето е столб во Христијанскиот живот. Исус Христос ги искуси сите видови на нефер и неправеден третман, дури до точка на погрешна смрт. Сепак, во неговиот финален час, тој му прости на крадецот што се подбиваше на другиот крст, како и на извршителите.

More

Би сакале да им се заблагодариме на Џони и на пријателите, International and Tyndale House Publishers, на креаторите на Beyond Suffering Bible, што го овозможија овој план. За повеќе информации, ве молиме посетете нè на: www.beyondsufferingbible.com/