Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Да им се прости на оние што нѐ повредуваатПримерок

Forgiving Those Who Wound Us

1 ДЕН ОД 7

Убавината во простувањето

Библиските простувања се однесуваат директно и специфично на личните повреди, независно од тоа колку се длабоки или пред колку време се случиле. Важно е прецизно да ги истакнеме грешките од минатото додека работиме на нив. На тој начин подобро го идентификуваме и исповедаме вистинскиот проблем. Во Писмото терминот „исповед" значи „согласност" за конкретниот предмет. Кога прецизно го исповедаме нашиот грев, го усогласуваме Бог со коренот на проблемот помеѓу нас и другите.

Јаков им даде многу мудар совет на неговите синови; тој им кажа точно како да се изразат: „Те молам, прости им на твоите браќа за големата грешка што ја направија — за нивниот грев што се однесуваа со тебе толку сурово.“ Терминот „големата грешка” може да се преведе како „зло.” Во моментот на исповед најчесто имаме тенденција да им даваме помала важност на нашите гревови или на гревовите на другите. Односот на Јосифовите браќа спрема него не беше помалку злобен. Јосиф од прва рака ја осети нивната изопаченост. Тоа беше товарот што неговите браќа го носеа многу години на себе, товар што направи да се плашат од Јосиф — и со право! Беа виновни за злодело спрема човекот којшто сега е нивен судија. Сепак, додека го исповедаа своето злодело, дали Јосиф им возврати со повеќе зло? Не! Јосиф плачеше! Тој виде дека Божјите цели се исполнувале преку злиот однос на неговите браќа. Затоа беше во можност да им прости, да ги утеши и да ги обнови неговите врски со нив.

1 Јован 1:9 вели, „Ако ги исповедаме гревовите свои, Тој е верен и праведен за да ни ги прости гревовите и да не очисти од секаква неправда.” Видете ја убавината во простувањето! Простувањето ги опфаќа и најдлабоките грешки од минатото, дури има моќ да ги ослободи луѓето од товарот што го носат уште од детството.

Свето Писмо

Ден 2

Опис за овој план

Forgiving Those Who Wound Us

Независно дали страдаме од емоционална или физичка повреда, простувањето е столб во Христијанскиот живот. Исус Христос ги искуси сите видови на нефер и неправеден третман, дури до точка на погрешна смрт. Сепак, во неговиот финален час, тој му прости на крадецот што се подбиваше на другиот крст, како и на извршителите.

More

Би сакале да им се заблагодариме на Џони и на пријателите, International and Tyndale House Publishers, на креаторите на Beyond Suffering Bible, што го овозможија овој план. За повеќе информации, ве молиме посетете нè на: www.beyondsufferingbible.com/