Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Што е вистинска љубов?Примерок

What Is True Love?

6 ДЕН ОД 12

Начинот на кој се ЧУВСТВУВАМЕ не е неопходно РЕАЛЕН

Земете го во предвид ова: Начинот на кој се ЧУВСТВУВАМЕ не е неопходно РЕАЛЕН. Ние многу лесно можеме да бидеме заведени од нашите емоции. Нашите дела и нашите ставови ни кажуваат многу повеќе од нашите чувства за тоа дали љубиме. Дури и кога се самоиспитуваме она што го гледаме е искривено. Ние сме слепи и многу малку можеме да видиме. Гледаме само на едната или двете само-пожртвувани работи кои можеме да ги направиме во текот на денот, а сепак остатокот од денот е препуштен на личните планови и желби.

Што кажуваат твоите дела?

Како доаѓаме до вистинската љубов кога сме родени и израснати во свет во кој луѓето се фокусирани на самите себе и се сакаат само себеси? Како можеме да ја препознаеме разликата и од каде треба да почнеме? Мора да погледнеме кон Бога и да видиме кој е Тој, затоа што Бог е љубов. Тој е изворот, и што Тој прави и кој е Тој ни дава соодветно разбирање и дефиниција на љубовта.

За среќа, Божјата љубов не ја добиваме врз основа на заслуга. Слави го Бога поради Неговата милост затоа што никој од нас не ја заслужува Неговата љубов. Но нам ни е изобилно дадена Неговата љубов во Христа. Ако е така, тогаш ние го знаеме изворот на вистинска љубов. Ја примивме Неговата љубов во спасението, и нам ни е дадена Неговата љубов преку благодат - преку Неговиот Свет Дух. Значи ние можеме:

да го љубиме Бога и
да ги љубиме останатите.

Ова значи дека љубовта е изворот на сите наши дела.

Дали ја познаваш Христовата љубов? Дали ги имаш примено Божјата љубов и Неговиот син Христос? Дали ја знаеш реалноста на Евангелието?

Господ толку посакува да ние понизно влеземе во Неговата љубов и да ја примиме Неговата љубов. Тој ќе нѐ пресретне каде и да сме - во тага, во радост, разочарани или победници. Тој посакува да ние знаеме дека Тој вистински нѐ сака. И сака да ние ѝ веруваме на Неговата љубов. Да се приближиме до Него со сите наши грижи, стравови, гревови, со сите проблеми и да ги положиме под Неговите стапала примајќи ги Неговата благодат, милост и љубов во замена.
Ден 5Ден 7

Опис за овој план

What Is True Love?

Секој сака да знае што навистина претставува љубовта. Но, малкумина гледаат што Библијата кажува за љубовта. Љубовта е една од централните теми на Писмото и најважната доблест на христијанскиот живот. Овој план од Thistlebend Ministries го истражува библиското значење на љубовта и како подобро да Го сакаме Бог и да ги сакаме другите.

More

Благодарни сме на Thistlebend Ministries за овој план. За повеќе информации, посети ја: www.thistlebendministries.org