Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Што е вистинска љубов?Примерок

What Is True Love?

10 ДЕН ОД 12

Нашата единствена желба е вистинска љубов.

Прочитај Псалм 27: 4-9, 11, 14 и Неемија 8:10.

Ако нашата единствена желба е целосно да го сакаме Христа, мораме да бидеме блиску до Него и целосно да го следиме. За да го следиме целосно, мораме да го подигнеме крстот и да го загубиме својот живот за да го живееме Неговиот. Мора да се одречеме од себеси, од начинот на кој живееме, нашите желби и нашата желба за слава. При оваа смрт, смртта на самољубието, љубовта кон Христа оживува во нас. Ние мора да гледаме кон Него - на никој друг, на ништо друго - за мир, прифаќање, одобрување, насока и вредност. Мора да ја најдеме целата наша радост во Него. Тој мора да биде нашата голема награда. Ние мора целосно да се потпираме на благословот поради кој ја положивме нашата надеж во Него. Мора да се одмориме во Господ, а не во сопствената праведност. Не треба да имаме доверба во себе. Всушност, ако се поставиме самите себе во втор план, тогаш ќе Го запознаеме Христос подобро.

Сепак, себе-одрекувањето не е мал чекор. Тоа значи дека мораме да ги оставиме нашите сопствени патишта, увиди, желби, волја, стравови, несигурности, проблеми, грижи, копнежи и др. Колку повеќе ги оставаме удобностите зад себе и начините на овој свет, толку поблиску ќе можеме да се прилепиме кон удобностите и патиштата на Христос. Колку повеќе се радуваме во Христа, толку повеќе ќе сакаме да му служиме и да страдаме за Него, и помала ќе е опасноста да бидеме оттргнати од Него. Радоста која доаѓа од Господ е нашата сила.

Ако сакаме да бидеме исполнети со Него и со Неговата љубов, мораме да ги испреплетеме нашите срца со Неговото во текот на денот, без разлика колку сериозна бура, колку голема препрека или колку силно искушение ќе има на нашиот пат.

Утре ќе видиме како ова изгледа практично, ден за ден.

Приближи ја вистината до своето срце: Избери стих од Библијата, запомни го со цел да го обнови твојот ум и да го промени твоето срце.

Себе-одрекување: За кој конкретен грев во твојот живот зборува стихот кој го одбра? Павле многу конкретно ни кажува дека треба да го отстраниме телесниот човек.

Спроведување на вистината на дело: Облечи се во новата природа - Христовата. Кои конкретни промени треба да ги направиш во твоето размислување, ставови или однесување за да се покориш на Него и да ја примениш Неговата вистина во твојот ум и срце?
Ден 9Ден 11

Опис за овој план

What Is True Love?

Секој сака да знае што навистина претставува љубовта. Но, малкумина гледаат што Библијата кажува за љубовта. Љубовта е една од централните теми на Писмото и најважната доблест на христијанскиот живот. Овој план од Thistlebend Ministries го истражува библиското значење на љубовта и како подобро да Го сакаме Бог и да ги сакаме другите.

More

Благодарни сме на Thistlebend Ministries за овој план. За повеќе информации, посети ја: www.thistlebendministries.org