Што е вистинска љубов?Примерок
Заклучок
Имајќи го на ум сето она што го прочита, проучи и размислуваше во изминатите неколку дена, дали твоето срце копнее да ја запознае вистинската љубов и навистина да го сака Господ?! Потребен ни е Господ. Тој е единствениот кој може да ни покаже што е вистинска љубов и како да се ослободиме од гревот што се чини дека постојано е во наша близина. Себе-одрекувањето и умртвувањето на телесниот човек е доживотна задача. Тоа значи дека СЕКОЈДНЕВНО мора да ги тргнеме на страна нашите сопствени патишта и да „живееме по вера“. Треба да се навикнеме да ја приближуваме Божјата вистина до срцето и секојдневно да ја живееме на дело. Мора да ги отфрлиме лагите на телото, на ѓаволот и на светот и да ја исполнуваме вистината од Божјиот Збор преку силата на Светиот Дух. Колку повеќе учиме да ги отфрлиме удобностите и патиштата на овој свет, толку повеќе ќе можеме да уживаме во радостите и присуството на Христос, и толку повеќе нашиот апетит за Христос ќе расте. Ќе бидеме променети преку обновувањето на нашите умови и срца. Ќе сакаме да ги оставиме нашите стари патишта и да се прилепиме кон удобностите и патиштата на Христос и да ги спознаваме вистинските радости и задоволства кои произлегуваат од вистинската љубов. Ќе ја доживееме Неговата љубов во и преку нас и ќе ја исполниме Божјата намера за нас, како што е јасно кажано во Вестминстерскиот катехизам: Која е главната цел на човекот? Главната цел на човекот е да го слави Бог и да ужива во Него засекогаш!
Да се помолиме, „Те сакам Господи, бидејќи го слушаш мојот глас и моите молитви. Твојата љубов се излеа во моето срце преку Светиот Дух, кој ми беше даден. Благодарам, Господи!“
Приближи ја вистината до своето срце:
Избери библиски стих од денешното читање кој ќе го запомниш.
Себе-одрекување:
За кој конкретен грев во твојот живот зборува стихот кој го одбра?
Спроведување на вистината на дело:
Кои конкретни промени треба да ги направиш во твоето размислување, ставови или однесување за да се покориш на Бог?

Свето Писмо
Опис за овој план
Секој сака да знае што навистина претставува љубовта. Но, малкумина гледаат што Библијата кажува за љубовта. Љубовта е една од централните теми на Писмото и најважната доблест на христијанскиот живот. Овој план од Thistlebend Ministries го истражува библиското значење на љубовта и како подобро да Го сакаме Бог и да ги сакаме другите.
More
Благодарни сме на Thistlebend Ministries за овој план. За повеќе информации, посети ја: www.thistlebendministries.org