Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Што е вистинска љубов?Примерок

What Is True Love?

8 ДЕН ОД 12

Отпорност кон љубовта

Ако Христос е љубов и да се љуби како Христос е целта, тогаш ќе има отпор при оваа потрага. Ако Бог е љубов, тогаш нашиот непријател Сатана е дијаметрално спротивен. Животот не е само тежок, животот е битка. Исто како што овците имаат потреба од овчар за да останат на вистинскиот пат и да останат безбедни, ние треба внимателно да го следиме нашиот Господ кој ќе нѐ зачува од застранување, заплеткување во овој свет, загубување, или од тоа да бидеме измамени од непријателот.

Можеме да ја согледаме нашата слабост и да извикуваме заедно со пуританецот: „Господе, јас сум школка полна со прав. . . Јас не сум редок и скапоцен предмет, туку таков што нема ништо и е ништо. . . Длабоко сум убеден во злото и мизеријата кои произлегуваат од грешна состојба, од суетата на суштествата“ (од „Човекот е ништо“, во Долината на видот).

Ако Бог е љубов и ние поверувавме во Христа како наш Господ и Спасител, тогаш знаеме дека сме сакани. Исто така, знаеме дека сме спасени од царството на темнината што е спротивно на љубовта и влеговме во царството на оваа вистинска љубов. Сега сакаме да знаеме како да чекориме во неа. Како да го сториме тоа? Со тоа што ги држиме очите на Евангелието и добиваме сила од Евангелието:

- Евангелието е основата на вистинска љубов
- Евангелието ја покажува љубовта
- Евангелието ја дефинира љубовта
- Евангелието ни овозможува да реагираме во љубов

Секојдневно треба да бараме од Господ да ни помогне да го следиме, да одиме во Неговата љубов, да го љубиме и да ја шириме Неговата љубов.

Приближи ја вистината до своето срце: Избери библиски стих кој ќе го запомниш со цел да го обнови твојот ум и да го промени твоето срце.

Себе-одрекување: За кој конкретен грев се зборува во библискиот стих кој го избра? Павле многу јасно ни вели дека треба да го отстраниме телесниот човек.

Спроведување на вистината: Облечи се во новата природа - Христовата. Кои конкретни промени треба да ги направиш во твоето размислување, ставови или однесување за да се покориш на Него и да ја примениш Неговата вистина во твојот ум и срце?

Свето Писмо

Ден 7Ден 9

Опис за овој план

What Is True Love?

Секој сака да знае што навистина претставува љубовта. Но, малкумина гледаат што Библијата кажува за љубовта. Љубовта е една од централните теми на Писмото и најважната доблест на христијанскиот живот. Овој план од Thistlebend Ministries го истражува библиското значење на љубовта и како подобро да Го сакаме Бог и да ги сакаме другите.

More

Благодарни сме на Thistlebend Ministries за овој план. За повеќе информации, посети ја: www.thistlebendministries.org