Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Што е вистинска љубов?Примерок

What Is True Love?

11 ДЕН ОД 12

Резултатот од вистинска љубов? Радост!

Нашата душа може секојдневно да се повредува од последиците од гревот во кој живееме, и со тоа нашето срце тагува во нашата слабост. Џон Овен рекол дека се чувствува слаб како вода. Некои денови можат да бидат многу потешки од други. Околностите се менуваат, а бурите доаѓаат и си одат од нашите животи. Непријателот нѐ обвинува. Каде е нашата надеж? Во Христа! Кога испитувањата траат со месеци, години, дури и со децении, каде е љубовта? Каде е нашата надеж? Во Христа! Нашата послушност кон Бога се тестира и испитува. Каде е нашата послушност? Во Христа! Кога сме искушувани, многу мисли и чувства во нашите глави и срца се судираат и спротивставуваат. Каде е нашата енергија, сила, и нашата младешка ревност? Во Христа!

Исус е твоето богатство над сѐ; твоето сѐ. Надевај се во Неговиот Збор и верувај во она што Тој го кажува, а не она што го мислиш, она што некој друг го кажува, или она што го чувствуваш. Тој е центар, основа, јадро, возвишен - сѐ! Христос! Неговите живот, смрт и воскресение беа за доброто на недостојните бунтовни грешници какви што сме јас и ти. Тој ги остави својата позиција и круна и го положи својот живот. Ние сме повикани на иста таква смрт за самите себе, заради Христос и другите.

Послушај го Божјиот Збор и верувај му во мислите, зборовите и делата. Приближи се кон Христа и Неговата љубов. Одлучи да ги оставиш настрана старите чувства и начини на размислување и живеј во вера, надевајќи се дека сето она што Божјиот Збор го вели е вистина.

Како да го следиме изворот на вистинската љубов и да дозволиме Неговата љубов да тече во и низ нашите животи? Како да научиме да останеме блиску до Него и во чекор со Неговиот Дух и да ги следиме Неговите желби, а не нашите?

Прво, ние мора да видиме дали сме се отстраниле од Неговата љубов. Прашај го: „Дали гледам јасно? Дали одам во чекор со тебе, Господи?“ Можеме да молиме кратка молитва во текот на денот, за Тој да ни помогне: „Помогни ми да верувам и да одам во Твојата љубов! Господе, сакам да те сакам. Помогни ми да те сакам со целото мое срце, душа, ум и сила и помогни ми да ги сакам другите.

Твојата младост се обновува како на орел! Ќе најдеш радост во Господ и сила од таа радост!

Свето Писмо

Ден 10Ден 12

Опис за овој план

What Is True Love?

Секој сака да знае што навистина претставува љубовта. Но, малкумина гледаат што Библијата кажува за љубовта. Љубовта е една од централните теми на Писмото и најважната доблест на христијанскиот живот. Овој план од Thistlebend Ministries го истражува библиското значење на љубовта и како подобро да Го сакаме Бог и да ги сакаме другите.

More

Благодарни сме на Thistlebend Ministries за овој план. За повеќе информации, посети ја: www.thistlebendministries.org