Што е вистинска љубов?Примерок
Љубовта може да биде изопачена
Заедно со Св. Августин, ние можеме да кажеме дека љубовта е најважна. Но, исто така, со Августин можеме да истакнеме дека доброто што го дава Бог може да биде изопачено; тоа е самата дефиниција за тоа што е зло. Па дури и љубовта може да биде изопачена и фокусирана на себе. Како грешници, ние по природа сме фокусирани сами на себе, и живееме во свет во кој секој е фокусиран на себе. Сѐ додека ние сме фокусирани на себе, нема да можеме да ја доживееме Неговата љубов.
Не сакаме да го пропуштиме тоа што е пред нас поради страв, гордост или неверување. Ние не сакаме да поминуваме низ животот и сите негови тешкотии, за на крај да сфатиме дека сме ја промашиле целта.
Една поговорка, која имала многу варијации низ вековите, нѐ предупредува дека навидум незначителните пропусти можат да имаат сериозни и непредвидени последици.
Поради недостатокот од шајка, чевелот беше изгубен,
поради недостатокот од чевел, коњот беше изгубен,
поради недостатокот од коњ, јавачот беше изгубен,
поради недостатокот од јавач, пораката беше изгубена,
поради недостатокот од порака, битката беше изгубена,
поради недостатокот од битка, војната беше изгубена,
поради недостатокот од војна, царството беше изгубено,
Поради недостатокот од шајка, светот беше изгубен.
Можеме да бидеме спасени и да одиме на небото, но таму да откриеме дека не сме ја уживавме полнотата на Неговата љубов овде на Земјата. Ејми Кармајкл напишала: „Џулијан од Норвич [во 1300-те] напишал: ,Божјата волја е да ги прифатиме Неговите зборови во што поголема мера и што посилно, а исто така Тој сака да ги прифатиме нашите проблеми што полесно и да ги сметаме за ништожност. Да, затоа што радоста доаѓа во утрото‘.“
Самуел Радерфорд, 300 години подоцна напишал: „Не можам да ја сфатам Христовата љубов. Да знаев што Тој планира за мене, никогаш не би бил толку слаб во верата.“
Можеш ли да се поврзеш со зборовите на овие светци од минатото? Често ни е тешко да ја примиме оваа љубов, се чувствуваме недостојни, незаслужни за љубов или неприфатливи. Но, ако не ја сфатиме оваа вистина, ќе пропуштиме многу од благословите и можностите што Бог ги има за нас, сега и во иднина.

Опис за овој план
Секој сака да знае што навистина претставува љубовта. Но, малкумина гледаат што Библијата кажува за љубовта. Љубовта е една од централните теми на Писмото и најважната доблест на христијанскиот живот. Овој план од Thistlebend Ministries го истражува библиското значење на љубовта и како подобро да Го сакаме Бог и да ги сакаме другите.
More
Благодарни сме на Thistlebend Ministries за овој план. За повеќе информации, посети ја: www.thistlebendministries.org