Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Рута, Приказна за ИскупувањеПримерок

Ruth, A Story Of Redemption

4 ДЕН ОД 5

Кај Гумното

Рута и Вооз биле обични луѓе истакнати поради нивната вера и послушност. Рута, без двоумење, била жена верник која доживеала оригинално обраќање на патот до Витлеем пред да продолжи со нејзиното патешествие до новата земја. Таа веруваше дека Бог ќе им овозможи на неа и Ноемина се што им треба на патот. Таа ја задржа својата вера и додека минуваше низ тешки моменти.

Една работа што можеме да ја извлечеме од ова како поука е дека, независно од тоа низ какви тешки периоди поминуваме, ние мораме да му веруваме на Бог дека ќе ни го даде тоа што ни е потребно. Колку и да се тешки времињата, ние мора да дозволиме нашата вера да биде обликувана на начин кој ќе и овозможи на нашата вера да расте, со цел да живееме исполнет живот каков што Бог посакува да живееме.

Рута била доблесна жена, исто како и човекот кај кого работела. Вооз и Рута се одличен тим. Двајца доблесни луѓе споени преку Божјата добрина и промисла. Верувам дека можеме многу да извлечеме од оваа приказна.

Додека Рута живееше во добрина, вера и понизност беше пофалена од човекот кого го почитуваше. Вооз примети дека е извонредна и смела, па ја почести со одговорот на неговата молитва што ја имаше за неа во 2 глава. Уште поважно од ова е дека Бог ја примети нејзината доблест и смелост.

Имам слушнато една поговорка која вели, "карактерот е она што си ти, кога нема никој околу тебе". Рута сигурно немаше идеја дека нејзиниот живот ќе биде нагласен до тој степен што милиони луѓе ќе го земат нејзиниот пример. Замисли што се Бог сака да направи преку Неговите луѓе кои имаат одличен карактер. Бог е присутен и го гледа нашиот карактер во моментите кога сметаме дека никој не гледа или дека нашите дела нема да бидат наградени.

Да бидеме јас и ти луѓе за кои може да се каже дека се доблесни како Рута и Вооз. Живеј верно дури и кога мислиш дека нема надеж. Реагирај понизно пред можностите кои ти се претставени и шири љубов и добрина на оние околу тебе. Некогаш не сме свесни над чиј живот имаме влијание.

Свето Писмо

Ден 3Ден 5

Опис за овој план

Ruth, A Story Of Redemption

Има само неколку луѓе од Библијата на кои им се восхитуваме повеќе од Рута; сиромашна; вдовица која го стави Бог како нејзин приоритет и доживеа да види како Тој и го промени животот. Доколку бараш охрабрување за твоите околности, не го пропуштај овој план за читање!

More

Би сакале да ѝ се заблагодариме на Британи Раст што ни го овозможи овој план. За повеќе информации ве молиме посетете ја веб страната: brittanyrust.com

Слични Планови