Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Рута, Приказна за ИскупувањеПримерок

Ruth, A Story Of Redemption

2 ДЕН ОД 5

Враќање по Провизија

Охрабрувачки е да се знае дека Бог навива за нас, дека е на наша страна и дека нѐ љуби. Независно од тоа низ што поминуваме, колку сме несреќни или обесхрабрени во животот, вистината е дека ништо не може да нѐ одвои од Божјата љубов.

Има неколку приказни кои ја оформуваат сликата за ова подобро од приказната на Ноемина и Рута. За нив можеме да слушнеме дека биле вдовици, две жени, кои жалеле поради загубата на нивните сакани мажи и останале сами во зла нација. Сепак, работите ќе се променат во нивните животи. Еден ден Ноемина слушнала дека Бог повторно направил услуга во Витлеем и дека повторно има храна во "куќата на лебот". Кога се случило ова, Ноемина веднаш се вратила во нејзиниот дом, кај нејзините луѓе.

Прво, Орпа и Рута донеле одлука да се вратат во Витлеем со Ноемина, но во текот на патувањето Ноемина се предомислила за тоа со кого е паметно да продолжи понатаму. Нејзиното инсистирање за промена направило Орпа да се врати во Моав. За Рута ова не направило разлика и продолжила понатаму, била одлучна да го следи Бог, при што може да видиме еден оригинален пресврт во нивното патешествие.

Двете жени продолжиле со нивното патување до Витлеем, и кога стигнале, во Библијата пишува дека целиот град се возбудил. Изгледа Ноемина и нејзината фамилија биле многу добро познати во градот, па кога се појавила после толку долго време, жените ги фатило лудило.

Кога Ноемина се соочила со својот идентитет, ги замолила нејзините пријателки да не ја нарекуваат Ноемина (пријатна), туку да ја викаат Мара (огорчена). Дали некогаш си се почувствувал како Ноемина, некогаш исполнет, но сега празен? Во тие моменти се случува нешто што ни е многу драго да ни биде одземено што предизвикува да бидеме лути и ранливи. Не е неприродно да бидеме лути, ама треба да се осигураме дека нашата лутина нема да се претвори во огорченост.

Мора да кажам дека ми се допаѓа ова во приказната на Наоми. Таа не се врати назад за да биде центар на внимание туку се врати и беше искрена према нејзиниот народ. Би било одлично сите да имаме желба да бидеме искрени со луѓето околу нас и да признаеме кога ни е потребно охрабрување. Да имаш заедница од верници околу тебе додека поминуваш низ тешки времиња е клучно за твојот процес на заздравување.

Рута и Ноемина се вратија во куќата на лебот во почетокот на сезоната за берба. Дали е ова коинциденција? Не верувам. Има невидлива сила која се движи и ќе направи овие две жени да видат како Бог прави големи и прекрасни нешта кои, во моментот на случување биле неприметливи за нив.

Денес сакам да те охрабрам да веруваш дека Бог работи во нашите животи. Да те потсетам дека Неговиот план се исполнува и дека Тој ти посветува внимание. Не те заборавил и нема нешто што ќе ја спречи Неговата љубов за тебе. Доколку имаш проблеми или се чувствуваш осамено, немој да се плашиш да исконтактираш со божјите луѓе кои те опкружуваат.

Свето Писмо

Ден 1Ден 3

Опис за овој план

Ruth, A Story Of Redemption

Има само неколку луѓе од Библијата на кои им се восхитуваме повеќе од Рута; сиромашна; вдовица која го стави Бог како нејзин приоритет и доживеа да види како Тој и го промени животот. Доколку бараш охрабрување за твоите околности, не го пропуштај овој план за читање!

More

Би сакале да ѝ се заблагодариме на Британи Раст што ни го овозможи овој план. За повеќе информации ве молиме посетете ја веб страната: brittanyrust.com

Слични Планови