Рута, Приказна за ИскупувањеПримерок
Истакнување
Денес ќе ја забележиме Божјата промисла и Неговиот план, низ приказната за почетокот на новиот живот на Рута во Витлеем. Дали можеш да се ставиш на нејзино место? Таа била вдовица од друга земја која не била почитувана. Била нов верник и сѐ и било ново и непознато. Сигурно жалела што го загубила нејзиниот маж, но и покрај сите емоции, тас се држела цврсто за нејзината доверба во Бог.
На почетокот на 2 глава Рута презема иницијатива да оди на берба на полето, за да може да се прехрани. Според законот на Левитите (Левити 19), на берачите им било заповедано да не го оберат целото поле туку да ги изостават ќошевите необрани за сиромасите. Не само што Рута се истакна со прифаќање на макотрпна работа, берба на полето, тоа послужи и за нејзината понизност.
Во тој момент доаѓа Вооз откупителот! Во оваа книга, Вооз го симболизира Исус Христос нашиот Откупител. Прекрасна слика од Исус како го зема грешникот во својата топла прегратка. Но, кој е овој човек Вооз? Знаеме дека е поврзан со Ноемина преку нејзиниот брак. Знаеме дека е постар, богат и почитуван човек во заедницата. Неговото име во буквална смисла значи "сила". Знаеме дека своите вработени ги третира достоинствено и најважно од сѐ, знаеме дека е Божји човек.
Откако Вооз се распрашал и ја забележал Рута на неговото поле, ѝ кажал да остане на неговото поле и дека тој ќе се грижи добро за неа. Пред таа милостива понуда, Рута паѓа на колена и го прашува Вооз зошто и покажува таква добрина. Сетете се дека Рута е Моавка, а сепак Вооз се потруди многу за да и помогне.
Вооз ѝ даде прекрасен одговор на нејзиното прашање. Не само што Вооз ја приметил нејзината внатрешна убавина и убавината на нејзиниот карактер, тој исто така и ја благословил.
Бог посакува да се грижи за секој еден од нас - независно дали си странец, сиромав, осамен, скршен, огорчен - сака да не чува и засолни сите нас под Негова закрила. Да ни донесе удобност и радост. Желбата на Вооз да и помогне на Рута е истата желба која Бог ја има за нас, за сите ние да можеме да најдеме мир и одмор во Него. Бог сака да те заштити и да ти овозможи да пораснеш во човекот за кој си створен да бидеш.
Кога Рута се вратила во домот на Ноемина, таа се вратила со многу повеќе храна отколку што можела да замисли. Некои ученици веруваат дека Рута се вратила дома со доволно храна за цела година! Пријателе, ти денес можеби бараш трошки надеж или исцеление, но знај дека Бог сака да ти даде многу повеќе! Очекувај Бог да ти овозможи многу повеќе од што некогаш си се надевал или можеш да замислиш!

Свето Писмо
Опис за овој план
Има само неколку луѓе од Библијата на кои им се восхитуваме повеќе од Рута; сиромашна; вдовица која го стави Бог како нејзин приоритет и доживеа да види како Тој и го промени животот. Доколку бараш охрабрување за твоите околности, не го пропуштај овој план за читање!
More
Би сакале да ѝ се заблагодариме на Британи Раст што ни го овозможи овој план. За повеќе информации ве молиме посетете ја веб страната: brittanyrust.com