Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Рута, Приказна за ИскупувањеПримерок

Ruth, A Story Of Redemption

5 ДЕН ОД 5

Божјиот Завршеток

Четвртата глава го претставува Вооз на портата во центарот на градот. Тој е тука со цел да најде човек крвно сврзан со Рута зошто сака да ја побара за жена. Роднината на Рута и Ноемина која живее најблиску до него е некој непознат човек за чиј карактер можеме да разбереме доволно од следниот пасус.

Ние знаеме дека овој човек има должност да се грижи за овие две жени, но ниту еднаш не се понудил да им помогне. Уште полошо, кога Вооз го прашува дали ќе му дозволи да ја земе Рута за жена, тој го одбива. Ова беше човек кој имаше недостатоци во карактерот и интегритетот во споредба со Вооз.

Заради оваа ситуација, Вооз направил правен договор за посед на правата за откуп на Рута, со цел да ја земе за жена. Тој немаше никакви правни одговорности да направи нешто за неа, но низ целата книга гледаме дека сака да се грижи за неа. Вооз беше милостив исто како што Исус е милостив према нас.

Божјата милост е доволна за нас. Ние сме откупени од Исус Христос, како странци кои не заслужуваат ништо, но им биле дадени права како на вистинските наследници. Исто како што Исус ја откупи неговата невеста(црквата), Вооз ја откупува неговата жена(Рута) по штп, тие стапуваат во брак и она останува бремена.

Интересно е што Рута не зачна во нејзиниот претходен десет годишен брак. Можеме да претпоставиме дека била неплодна во тој период, но Бог овој пат ја отворил нејзината утроба за да се породи. Таа го носи на светот малото момче Обед, кој ќе стане дедо на големиот Цар Давид.

Сакам да ви претставам уште една слика за Божјата власт и милост преку раѓањето на ова дете. Рута беше Моавка, странец без права. Сепак преку милоста и откупот таа стана дел од Христовата лоза. Колку неверојатна приказна!

Рута не живееше лесен живот. Таа израсна на место, помеѓу нација во која владееше злото и го изгуби својот маж. Отиде со Ноемина во странска земја и живееше сиромашно. Сето ова претставува една тешка околност.

Сепак, како што кажав на почетокот на овој серијал, можеме да ги видиме Божјите отпечатоци насекаде низ приказната за Рута и нема двоумење во тоа дека Тој работел во нејзиниот живот цело време. Тоа било долга и макотрпна животна приказна која завршила со откуп. Рута тргнала празна, но завршила исполнета!

Независно низ какво време поминуваш, запамти дека Бог работи во твојот живот. Тој везе прекрасен килим кој не е завршен, туку е во изработка. Знај дека Бог е милостив, добар, и дека те сака. Доколку некогаш си обесхрабрен на твоето животно патување, само присети се на животот на Рута и запамти дека Бог работи за доброто на Неговите луѓе.

Свето Писмо

Ден 4

Опис за овој план

Ruth, A Story Of Redemption

Има само неколку луѓе од Библијата на кои им се восхитуваме повеќе од Рута; сиромашна; вдовица која го стави Бог како нејзин приоритет и доживеа да види како Тој и го промени животот. Доколку бараш охрабрување за твоите околности, не го пропуштај овој план за читање!

More

Би сакале да ѝ се заблагодариме на Британи Раст што ни го овозможи овој план. За повеќе информации ве молиме посетете ја веб страната: brittanyrust.com

Слични Планови