Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Рута, Приказна за ИскупувањеПримерок

Ruth, A Story Of Redemption

1 ДЕН ОД 5

Далеку од дома

Дали си се запрашал некогаш дали Бог работи во твојот живот? Мене ми се случило ова многу пати и секогаш кога ќе се случи се потсетувам на книгата на Рута. Таму не можеме да видиме некои чуда или свети интервенции од Рајот, но гледаме како Бог суптилно работи додека ги води двете жени на плодоносниот пат до обнова.

Книгата на Рута започнува со приказната за една фамилија која живеела во Витлеем. Тие живееле во еден град, познат како куќата на лебот иако таму имало глад. Писателот не пишува многу за околностите во кои се наоѓала таа фамилија, но приказната започнува со нивното патување накај земјата на Моавците, чија нација се сметала за бесмртна. Сепак, Елимелех донесе одлука да се отсели со фамилијата од земјата на лебот и да се досели во странската земја исполнета со гревот.

Нема да помине многу време читајки ја првата глава, пред да најдеме основна примена на тоа што го пишува, во нашите животи. Кога се соочуваме со тешки времиња, неможе да се потпираме на човечки размислувања или да бараме полесен пат до решение. Мора да бараме Бог да ни ја објави Неговата цел. Елимелех не го праша Бог која е Неговата волја, ниту пак веруваше во Него. Наместо тоа, ја отсели својата фамилија од место каде што живееа Божји луѓе, на безбожно место каде што не постоеше место и заедница што го прославува Бог.

Иронијата е дека Елимелех замина за да ја избегне смртта, а сепак самиот тој и неговите синови ќе ја доживеат смртта во следната декада. Не само што неговата лоша одлука влијаеше негативно врз него, туку влијаеше на целата негова фамилија. Ние мора да разбереме дека одлуките кои ги носиме во животот имаат влијание и на луѓето околу нас.

Откако Елимелех ја напушти Божјата волја, ја загуби способноста да го разликува доброто од злото. Тој им дозволи на неговите синови да се женат со Моавски жени кои не го познаваа Бог и дозволил бракови помеѓу партнери со не еднакви способности. Со само една донесена лоша одлука, Елимелех застрани со својата фамилија многу далеку од Божјиот пат. Затоа е многу важно да ја бараме Божјата волја наместо да размислуваме што е најдобро за нас. Само една лоша одлука може да не одведе до серија од лоши одлуки.

Добрата вест е дека Бог обновува и Бог е добар. Ние не се соочуваме во приказната само со фамилија која е уништена поради една одлука. Бог сеуште не завршил.

Ние како Божји луѓе ја имаме уникатната можност да ја спознаеме Неговата волја и да живееме под Негова закрила. Постојат бурни времиња во нашите животи. Во тие периоди можеме или да ја бараме Неговата волја и да Му веруваме, или можеме да се потпреме на своите разбирања и да донесеме одлука за која самите ние сметаме дека е најдобра за нас. Во секој случај, Божјиот план е секогаш подобар за нас.

Свето Писмо

Ден 2

Опис за овој план

Ruth, A Story Of Redemption

Има само неколку луѓе од Библијата на кои им се восхитуваме повеќе од Рута; сиромашна; вдовица која го стави Бог како нејзин приоритет и доживеа да види како Тој и го промени животот. Доколку бараш охрабрување за твоите околности, не го пропуштај овој план за читање!

More

Би сакале да ѝ се заблагодариме на Британи Раст што ни го овозможи овој план. За повеќе информации ве молиме посетете ја веб страната: brittanyrust.com

Слични Планови