Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Рута 3

3
Рута ја минува ноќта покрај нозете на Вооз
1Ноемина, нејзината свекрва, ѝ рече: „Ќерко моја, ајде да ти побарам спокојно место за да ти биде подобро. 2Ете, Вооз, со чии слугинки беше ти, е наш роднина, оваа ноќ тој го вее јачменот на гумното; 3затоа измиј се, намачкај се, промени се и оди на гумното, но не му се покажувај додека не заврши со јадењето и пиењето; 4а кога ќе легне да спие, дознај го местото, каде ќе легне; тогаш оди, откриј го откај нозете негови и легни; тој ќе ти каже што да правиш.“ 5Рута ѝ рече: „Ќе направам сѐ, како што ми кажа.“ 6И отиде на гумното и направи сѐ онака, како што ѝ порача свекрвата нејзина. 7#Суд 16,15; 18,20; 19,6.9; 1 Цар 21,7; Ест 1,10Вооз се најаде и се напи, и го раз­весели срцето свое, и отиде, па легна да спие до стогот. И таа отиде полека, го откри откај нозете негови и легна. 8На полноќ тој се тргна, се обѕрна, и еве покрај нозете негови лежи жена. 9И тој рече: „Која си ти?“ Таа одго­вори: „Јас сум Рута, твоја робинка, ра­шири го крилото од својата наметка над својата робинка, зашто си ми близок роднина.“ 10Вооз ѝ рече: „Благословена да си од Господ, ќерко! Овој твој чин на мило­ср­дие е подобар од првиот, зашто не оти­­де да бараш момци, бедни или богати; 11#Изреки 31,10затоа не плаши се, ќерко! Јас ќе на­правам за тебе сѐ, што кажа ти; зашто на секоја порта кај мојот народ знаат дека ти си чесна жена; 12иако е точно дека сум ти роднина, но има друг роднина, поблизок од мене. 13#1 Сам 14,39.45; 20,3; 25,26.34; 26,10.16; Ер 4,2Остани оваа ноќ; а утре, ако тој те земе, добро, нека те земе, ако, пак, не те земе, јас ќе те земам; се колнам во живиот Господ! Спиј до утре!“ 14И преспа таа покрај нозете негови до утрината и стана, пред да можат да се распознаат еден со друг, зашто Вооз рече: „Да не се знае дека доаѓала жена на гумното.“ 15И ѝ рече: „Дај ја наметката што е на тебе, подржи ја.“ Таа ја држеше, и тој ѝ измери шест мери јачмен, ја натовари и си отиде во градот. 16А Рута дојде кај свекрва ѝ. Таа ја запраша: „Што направи, ќерко?“ Таа ѝ раскажа сѐ, што беше направил оној човек за неа. 17Таа рече: „Тој ми ги даде овие шест мери јачмен и ми рече: ‚Не оди со празни раце кај свекрвата своја!‘“ 18Таа ѝ рече: „Почекај, ќерко, додека да дознаеш, како ќе се сврши работата; зашто тој човек нема да се успокои додека не ја сврши денес таа работа.“

Селектирано:

Рута 3: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се