Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Направи простор за она што е важно: 5 духовни навики на постотПримерок

Make Space for What Matters: 5 Spiritual Habits for Lent

6 ДЕН ОД 7

Духовни навики: постење

Кога мислите на „постот,” што ви доаѓа прво на ум? 

Можеби си замислувате дека луѓе се прегладнуваат себеси. Можеби замислувате монах што преживува на сув леб или можеби сте некој што претпочита да не размислува за пост... никогаш. 

Исус помина 40 дена во дивината во пост. И врз основа на Неговите разговори со Неговите ученици, постот било вежба за која Тој претпоставил дека и тие би ја практикувале исто така. 

Но намерно правење место во нашите животи за да го слушнеме Бог преку бришење на работи кои ни даваат моментално задоволство, може да делува неудобно—посебно кога нашиот свет го прославува задоволството.

Еве 3 причини зошто постот е важен: 

Постот го изгладнува она кое не спречува да го искусиме Божјото присуство. Не форсира да обратиме внимание на деловите во нашите животи кои ги загушуваме преку вечерните прејадувања и социјални медиуми. И во процесот, не учи да се потпреме на Исус да ги задоволи нашите потреби.

Постот не поттикнува да се откажеме од нешто што го сакаме за да направиме место за нешто што многу повеќе го посакуваме. Иако откажувањето од нешто што го посакуваме, како храна, може да биде тешко и неугодно, всушност претставува можност да искусиш голема радост, бидејки ние можеме да дојдеме до вистинската само кога изворот на нашата сила е Исус. 

Постот најчесто доаѓа пред напредокот. Мојсеј постел 40 дена додека ги добил 10те Божји заповеди, Даниел постел 3 недели и тогаш ја добил визијата, и Исус постел 40 дена и тогаш ги надминал искушенијата на ѓаволот. Во секој од овие случаи, Бог обезбедил јасност, сила, и напредок како последица на верната жртва.  

Преземи Акција: Пробај да направиш 24часовен пост. Доколку не си постел често, направи ја оваа вежба едноставна—овде целта е да завршиш. Доколку започнеш да се чувствуваш изморено во текот на постот, искористи го тој замор како можност да разговараш со Бог и да го слушнеш. Откако ќе го завршиш постот, запиши го она што се истакнало во тебе, во текот на тој период.

Свето Писмо

Ден 5Ден 7

Опис за овој план

Make Space for What Matters: 5 Spiritual Habits for Lent

Пост: 40-дневна сесија на рефлексија и покајание. Убава мисла, но како всушност изгледа да се практикува пост? Во следните 7 дена, откријте пет духовни навики, кои може да започнете да ги практикувате во текот на постот, што ќе ви помогне да го подготвите вашето срце за неделата на воскресението — и потоа.

More

Овој оригинален Библиски план е составен и овозможен од YouVersion.