Направи простор за она што е важно: 5 духовни навики на постотПримерок
Духовни навики: смиреност
Замисли како стоиш сам на рид. Реката си жубори додека птици пеат среќно над тебе. Сонцето те удира во лице додека нежно ветре те пирка. Сѐ изгледа смирено и тивко — но твојот ум е во трка со листата на задачи што се незавршени, проблеми што не можеш да ги решиш и разочарување што не можеш да ги поправиш. Иако си на мирно место, звукот на сопствените мисли те спречува да уживаш во она што се случува околу тебе.
Што треба за да застанеш, да ја стишиш вревата и да бидеш смирен?
Преку смиреност, учиме да обрнуваме внимание на она што Бог го прави во нас и околу нас. Но, смиреноста е активна и пасивна. Вклучува дозвола на Бог да ја рефокусира нашата визија и да ги прилагоди нашите уши да го слушаме Неговиот глас додека му ја даваме вревата во нас Нему. Ова бара од нас да му ги предадеме нашите грижи и проблеми на Бог додека му дозволуваме да ги насочи нашите срца на Него.
Како што ја практикуваме оваа духовна навика, ние стануваме поопремени за да му даваме слава на Бог за Неговата моќ што дејствува во нашите животи, поради тоа што започнуваме да забележуваме што Бог веќе правел во нашите животи.
Преземи акција: Оди на страна неколку часа оваа недела и пробај да му ги дадеш на Бог оние грижи што ти доаѓаат на ум. Во ред е ако имаш потреба да го правиш ова постојано, некое време. Само употреби го ова време да ја стишиш бучавата во себе и да се навикнеш да одвојуваш место за да го слушнеш Божјиот глас.
Свето Писмо
Опис за овој план
Пост: 40-дневна сесија на рефлексија и покајание. Убава мисла, но како всушност изгледа да се практикува пост? Во следните 7 дена, откријте пет духовни навики, кои може да започнете да ги практикувате во текот на постот, што ќе ви помогне да го подготвите вашето срце за неделата на воскресението — и потоа.
More