Направи простор за она што е важно: 5 духовни навики на постотПримерок
Зошто пост?
Застанете за момент и погледнете надвор. Што гледате? Што прави да се насмевнете?
Што и да опишавте сега, размислете за ова: тоа што го видовте, отсекогаш било таму — само ве чека да застанете за момент и да го забележите.
Ова е основната цел на постот: да најдете простор измеѓу вашите животни обврски да го цените она што отсекогаш било тука — Божјото присуство.
Постот е период од 40 дена кој води до неделата на воскресение. Заснована на Исусовите 40 дена во дивината, постот е алатка што може да ви помогне да станете посвесни за Божјиот глас и за Неговата пожртвувана љубов. Иако постот, всушност, не е спомнат во Библијата, бил дискутиран на Советот во Ницеа во 325 година поради тоа што им давал ритам на рефлексија и покајание за Христијаните кога доаѓала пролетта — сезона често поврзана со нови почетоци.
Целта на постот не е да станеш „подобар" во животот, туку да го фокусираш својот живот на она што најмногу ти значи: на Единствениот, кој те создаде и умре за тебе. И еден од начините да го направиш ова е преку практикување на духовните навики.
Додека се припремате за неделата на воскресение, ајде да истражиме некои од духовните навики кои може да ги практикувате во текот на оваа сезона, и да ги направите дел од вашите дневни животи во годините кои доаѓаат.
Заедно, да направиме простор за она што е важно.
Свето Писмо
Опис за овој план
Пост: 40-дневна сесија на рефлексија и покајание. Убава мисла, но како всушност изгледа да се практикува пост? Во следните 7 дена, откријте пет духовни навики, кои може да започнете да ги практикувате во текот на постот, што ќе ви помогне да го подготвите вашето срце за неделата на воскресението — и потоа.
More