Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Направи простор за она што е важно: 5 духовни навики на постотПримерок

Make Space for What Matters: 5 Spiritual Habits for Lent

4 ДЕН ОД 7

Духовни Навики: Дарежливост 

Кој е твојот највреден посед? Можеби највредното нешто кое го поседуваш е куќата за која си работел цел живот за да си ја дозволиш. Но, исто така, може да биде слика од некое добро време поминато со некој од твоите сакани или можеби е некој значаен подарок од пријател.

Вредноста што им ја задаваме на нашите „нешта” е поврзана со нашите емоции. Начинот на кој избираме да ги негуваме нештата ги открива нашите вистински приоритети. 

Исусовата смрт на крстот е еден од најголемите примери на Божјата дарежливост. И покрај знаењето дека не можеме да му возвратиме, Бог не се двоумеше да ни го даде Неговото најголемо богатство — Неговиот единствен Син — за нас. И преку ова пожртвувано дело, Тој демонстрираше како милоста изгледа: желба за нудење на она што го поседуваме за некој друг да живее, дури и во моменти кога ни предизвикува болка во текот на процесот.

Праксата не мора да биде само во форма на финансиска дарежливост. Да се живее дарежливо едноставно потврдува дека Бог е способен да го направи тоа што Тој ќе го посака преку даровите што Тој ни ги дал. Кога дозволуваш Бог да дава преку тебе и ти го возвишуваш Него преку твоето давање, тоа те приближува поблизу до Него. Дарежливоста истекува од благодарно и верно срце, и кога му се доверуваш на Бог со сè што имаш, тој ти доверува повеќе. 

Практикувајќи ја оваа навика ќе те потсети дека ти не си во контрола, но го познаваш Оној што е во контрола — и Тој може да ги овозможи сите твои потреби. 

Преземи Акција: Едно од Исусовите најпознати чуда е искористувањето на максимумот од неколку леба и риби, кои некој мораше да ги понуди. Што имаш ти да дадеш? Пробај да најдеш место каде што можеш да го инвестираш на некој начин тоа што го имаш. Започни со малку или оди на многу. Само започни.

Ден 3Ден 5

Опис за овој план

Make Space for What Matters: 5 Spiritual Habits for Lent

Пост: 40-дневна сесија на рефлексија и покајание. Убава мисла, но како всушност изгледа да се практикува пост? Во следните 7 дена, откријте пет духовни навики, кои може да започнете да ги практикувате во текот на постот, што ќе ви помогне да го подготвите вашето срце за неделата на воскресението — и потоа.

More

Овој оригинален Библиски план е составен и овозможен од YouVersion.