Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Направи простор за она што е важно: 5 духовни навики на постотПримерок

Make Space for What Matters: 5 Spiritual Habits for Lent

2 ДЕН ОД 7

Духовни навики: молитва

Дали има нешто што ве спречува да разговарате со Бог редовно?

Молитвата едноставно значи разговор со Бог, и слушање на што Тој кажува. И бидејки Исус на неколку наврати кажа, „Кога се молиш…,” ние знаеме дека Тој очекува од нас да се молиме. 

Да се чувствуваме удобно во молитва можеби треба вежбање, но тоа не треба да не спречува да бараме интимност со Него.  

Бог секогаш чека да се доближи до тебе и нема нешто што може да му го кажеш Нему за Тој да престане да те љуби. 

Постот е одлична можност да ја направиш молитвата дел од твоите дневни навики. Доколку пробаш да го организираш својот живот околу Бог, но не одвоиш време да разговараш со Него, ќе биде невозможно да го задржиш твојот живот фокусиран на Бог. 

Полесно е да растеш духовно кога си искрен со Бог за својот раст. И кога разговараш со Бог за тоа како ти оди, ќе започне да те потсетува дека Бог вистински е со тебе и дека Тој ужива да биде со тебе. Па, денес, одвој време за искрен разговор со Бог. 

Преземи акција: Доколку не си сигурен за што да се молиш, обиди се да се молиш преку Господовата Молитва, па направи своја. 

Татко наш кој си на небесата,

да се свети името твое

Да дојде Царството твое набргу.

Да биде волјата твоја како на небото,

така и на земјата.

Лебот наш насушен дај ни го и денес,

и прости ги нашите гревови

како што ние им ги простуваме на нашите

должници.

И не не воведувај во искушение,

но избави не од лукавиот.

Матеј 6:9-13

Ден 1Ден 3

Опис за овој план

Make Space for What Matters: 5 Spiritual Habits for Lent

Пост: 40-дневна сесија на рефлексија и покајание. Убава мисла, но како всушност изгледа да се практикува пост? Во следните 7 дена, откријте пет духовни навики, кои може да започнете да ги практикувате во текот на постот, што ќе ви помогне да го подготвите вашето срце за неделата на воскресението — и потоа.

More

Овој оригинален Библиски план е составен и овозможен од YouVersion.