Без анксиозностПримерок
Во бегство
Чувството да се живее со анксиозност е како да сте во бегство—само што бегате од своите животи. Паниката се сместува во вашите гради додека очајно пробувате да избегате на безбедно место кое изгледа далеку од дофат. Грижите поминуваат низ вашите глави толку брзо што ви предизвикуваат потешкотии во дишењето, и стравот надоаѓа, предизвикувајки неодлучност и двоумење.
Звучи познато? Има постојан притисок да не се изклучите од вашиот живот—емаиловите никогаш не престануваат, нотификациите се наддодаваат во вашите телефоним и да не заборавиме на замката за споредување која доаѓа со социјалните медиуми. Па, како да живееме со сето ова, кога знаеме дека како следбеници на Исус, сме повикани да живееме без анксиозност?
Премногу често се чувствуваме потиснати од вина поради тоа што сметаме дека Христијаните не треба да се чувствуваат на овој начин.
Но што ако можеме да престанеме да бегаме од нешто туку да почнеме да трчаме кон некого?
Можеме. Можеш. Ветувањето дека можеме да живееме без анксиозност не е заосновано на она што можеме ние да произведеме туку на Божјото присуство. Проверете што кажува во Филипјаните 4:6-7:
За ништо не грижете се, туку во сè преку молитва и молба со благодарност изнесувајте ги пред Бога своите барања, и мирот Божји, што надвишува секој ум, ќе ги запази вашите срца и вашите мисли во Исус Христос.
Сами на себе, ние сме безнадежни во борбата против анксиозност. Но со Бог? Ние имаме пристап до Неговото присуство, кое ни нуди мир кој неможеме да почнеме да го разбираме.
Што е уште подобро околу ова ветување? Тоа е континуиран процес. Во секоја ситуација. Секогаш кога почнуваме да се чувствуваме анксиозни, може да одиме пред Бог за Неговиот мир бидејки мирот е продукт од Божјото присуство.
Анксиозноста нема често да ја снема инстантно. Тоа е континуиран процес, момент по момент барајки го Неговото присуство. Во следните неколку дена, ќе споделиме приказни од секојдневни луѓе кои се бореле со анксиозност и она што го научиле пропратно.
Сакате да научите повеќе за живеење Без анксиозност? Проверете ги придружните серија пораки за да откриете повеќе мир.
*Доколку се борите со болест на анксиозност, важно е да ја побарате потребната помош. Доколку сметате дека имате анксиозна болест, посетете доктор. Барање помош не ве прави слаби; ве прави мудри.
Опис за овој план
Што ако има подобар начин да се бориме против безконечните грижи кои те држат буден навечер? Вистинскиот одмор е достапен—можеби поблиску одколку што си замислуваш. Заменете ја паниката со мир преку овој 7-дневен Библиски план од Life.Church, придружувани од серијата пораки “Без анксиозност“ од пастор Крег Грошел.
More