Без анксиозностПримерок
Дали мирот е возможен денес? Чети тргна да истражи пред 11 години. Еве што откри во текот на нејзиното патешествие:
Го паметам сликовито. Денот кога одлучив дека не можам да живеам вака повеќе.
Бев тука, целосно посветен следбеник на Христос, реагирајки на животот скоро како и сите останати. Живеев во страв и грижи, иако знаев дека не треба да биде така! Конзистентно читам од Божјиот Збор да не се плашам и да не бидам анксиозна. Но тоа звучеше невозможно!
Бог има многу што да каже за стравот и неговиот против отров: мирот. Во една прилика, Исус и Неговите ученици беа на брод преминувајќи го Галилејското море во момент кога бесна бура се закани дека ќе ги потопи. Сите се бореа да се одржат над вода, и што правеше Исус? Тој цврсто спиеше! На сред бура.
Учениците прашаа, “Учителе, не ли се грижиш да не се потонеме?” Исус стана и ја отстрани бурата, и одеднаш сѐ стана мирно. Тогаш ги запраша своите ученици, “Што сте толку плашливи? Козар се уште немате вера?” Марко 4:40
Ова ги сумираше моите разговори кои ги водев со Бог. Можев да почувствувам како ме прашува зошто сум исплашен, и јас одговарав, Нели е очигледно? Погледни ги моите околности! Кој не би бил исплашен?
Во мојата потрага по мир, неколку нешта ми се разјаснија.
- Моите околности го одредуваа моето ниво на мир. Доколку животните околности се добри, тогаш имав мир. Доколку ме опкружуваат бури, бев под стрес, анксиозен, и изморен цело време—истоштен од моите емоции. Бев ист како учениците во бурата. Се плашев од бурата, од повреда, и бев збунета поради тоа што мислев дека Бог не се грижи. Но Исус ме донесе до следната точка.
- Исус пробиваше да ме научи дека мир е возможен, без оглед на бурата. Дали можеш да се поистоветуваш со оваа битка? Не е лесно, нели? Се уште се мачев да разберам како Исус може да очекува да искусам мир на сред бура, чудејќи се дали воопште се грижи, и дојдов до моето ново откритие.
- Моите бури го откриваат нивото на мојата доверба. Мир не значи дека сѐ ни оди добро во животот. Значи да се биде во мир кога бурите го тресат твојот живот. Јас немав научено да му верувам на Бог и пронајдам мир во тие бури. Дали сте удриле во тој ѕид?
Беше очигледно дека имам простор за раст. Но учам дека патот до мирот се наоѓа со доверба и фиксирање на нашите мисли на Единствениот кој не се вознемирува од бури. Не се случи преку ноќ, туку малку по малку, повеќе мир и одмор го крепеа мојот замор, и истрошена душа.
-Чери
Опис за овој план
Што ако има подобар начин да се бориме против безконечните грижи кои те држат буден навечер? Вистинскиот одмор е достапен—можеби поблиску одколку што си замислуваш. Заменете ја паниката со мир преку овој 7-дневен Библиски план од Life.Church, придружувани од серијата пораки “Без анксиозност“ од пастор Крег Грошел.
More