Без анксиозностПримерок
Исус не пронаоѓа додека сме анксиозни, иако можеби не го чувствуваме на почетокот. Првото искуство со анксиозност на Челзи беше веднаш откако дипломираше на факултет. Ова е нејзината приказна за како Бог ја избави од темнината и ѝ го донесе Неговиот мир.
Чувствата на страв, грижа, и депресија беа реални. Неможев да јадам од што ми се гадеше. Спиев повеќе од 12 часа секоја вечер, и сепак ми беше тешко да станам од кревет. Бев толку заробена во својот ум, што повеќето денови не ни зборував. Барав помош од мојата фамилија, од доктор, од советник, од пастори, и пријатели, но моите мрачни дни изгледаше како да не завршуваат.
Сите ние имаме лоши денови. И тие лоши денови може да траат со денови. Или месеци. Или години. Но доколку ја знаете приказната за Велики Петок, денот кога Исус го даде својот живот за твојот, знаеш дека има добри вести, другари. Петокот е тежок, но доаѓа Недела!
Ние имаме надеж и во темнина, и нашата надеж има име. Неговото име е Исус.
На мојот најтежок ден, Петок во Јули, конечно се приближив до Него како што Тој се приближуваше до мене. Се молев:
Исусе, помогни ми да ги отфрлам лагите на непријателот.
Исусе, помогни ми да го надминам моето анксиозно срце.
Исусе, помогни ми да верувам дека Ти имаш контрола.
Исусе, помогни ми да верувам дека Духот кој те подигна од мртвите, живее во мене.
И два дена подоцна, во Недела, се разбудив без тешкотиите од депресија и без чувство на анксиозност. За прв пат после долго време, можев да го почувствувам Неговиот мир. И искусив чудесно исцелување кое може да се објасни само преку Божјата добрина.
Во текот на моите тешки денови, Исус ми даде надеж. Тој беше тука дури и кога јас не го чувствував. Секој ден кога се чувствував како да сум далеку од Него, Тој ме повлекуваше во негова близина.
Не знам дали ќе го искусиш одеднаш, чудесното исцелување на твојата болка како мене. Но сигурно знам дека Бог е со тебе во твојата болка.
Исус го разбира човековото страдање. И се грижи. Тој се грижеше доволно што го напушти рајот и умре за нас за да стави крај на нашата темнина еднаш за секогаш.
Библијата вели: … Во него беше животот и животот им беше светлина на луѓето. Светлината свети во темнина, и темнината не ја опфати. Јован 1:4-5
Доаѓа Недела.
-Челзи
Опис за овој план
Што ако има подобар начин да се бориме против безконечните грижи кои те држат буден навечер? Вистинскиот одмор е достапен—можеби поблиску одколку што си замислуваш. Заменете ја паниката со мир преку овој 7-дневен Библиски план од Life.Church, придружувани од серијата пораки “Без анксиозност“ од пастор Крег Грошел.
More