Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Без анксиозностПримерок

Anxious For Nothing

6 ДЕН ОД 7

Што ако можеме да го прославуваме Бог додека сме во тешка состојба? Брајан искусил анксиозност која го довела до физички симптоми. Но, преку неговото искуство, тој открил дека сеуште имал за што да му биде благодарен на Бог. Ова е неговата приказна:  

Пред неколку години се справував со акутна анксиозност и паника додека живеев во странска земја во текот на фаза од животот полна со предизвици. Додека се обидував да научам нов јазик, започнам бизнис, да бидам Христовата светлина каде што немаше црква, и да бидам родител на едногодишни близнаци, се чувствував како постепено да се спуштам во темна долина. 

Во текот на неколку месеци, искусив страдање како никогаш до сега со неколку болки во градите, главоболки и други болести кои служеа како катализатор за страв и загриженост. Се до овој момент во мојот живот, никогаш не сум се грижел премногу, и искрено, дури се гордеев што сум бил храбар да превземам ризици. Но наскоро започнав да ги живеам најлошите сценарија—убеден дека нешто сериозно не е во ред со мене или дека нешто лошо би се случило на мојата фамилија.

Луѓето прашуваа дали мојата анксиозност е предизвикана од околностите, од физиолошки или духовен фактор. Кога ги земав во предвид овие нешта, бев убеден дека одговорот е “да.” Верувам дека најчесто повеќе нешта се во игра. Стресот има начин на развој до точка на вриење каде што дури и оние со највисоката толеранција се подлежни на неговата сила. 

Исто како и другите физички граници или болести, некои од нас искусуваат време кога нашата телесна хемија е исфрлена од баланс. Додатно, нашиот духовен непријател гледа можност за да нападне, напаѓајки ги нашите слаби страни. 

Во познатиот предизвик на Павле да се биде без анксиозност, во Филипјаните 4:6-7, тој не повикува не само да се молиме туку и да благодариме. Контекстот на инструкциите на Павле не доаѓа после некоја победа или чудесно пронаоѓање. Всушност, Павле се соочуваше со прилично лоша ситуација. Тој пишуваше до црквата во Филипи додека беше во затвор, соочувајки се со доста непредвидлива иднина. Сепак, неговото писмо ја рефлектира неговата длабока радост и став на радување. 

Па во текот на нашата болка, ние можеме да прославуваме. 

Не верувам дека Павле бара од нас да бидеме неискрено благодарни. Мислам дека Павле не предизвикува да бидеме благодарни за нештата за кои треба да благодариме, дури и во момент на било каква потешкотија низ која поминуваме. 

Разбрав дека секогаш имам нешта за кои треба да прославам. Дури и во текот на најтешките искушенија со кои сум се соочил, имало нешта за кои требало да бидам благодарен. Медитацијата и искажување на благодарност пред Него, ми помага да ја трансформирам мојата перспектива и калибрирам мојот ум. 

Прекумерни негативни или стресни мисли може да креираат чувство на претстојно проклетство. Но тежината почнува да ја снемува кога ке започнам дури ѝ исфорсирано да ја изразувам мојата благодарност до Бог. 

Ова не значи дека постои трик формула за живот без анксиозност. Но принципот на прославување на Бог дури ѝ додека поминуваме низ болка, е патека до неговото животодавно присуство, кое ни носи мир. 

-Брајан

Ден 5Ден 7

Опис за овој план

Anxious For Nothing

Што ако има подобар начин да се бориме против безконечните грижи кои те држат буден навечер? Вистинскиот одмор е достапен—можеби поблиску одколку што си замислуваш. Заменете ја паниката со мир преку овој 7-дневен Библиски план од Life.Church, придружувани од серијата пораки “Без анксиозност“ од пастор Крег Грошел.

More

Благодарни сме на Life.Church за реализацијата на овој план за читање. За повеќе информации, посетете го: https://www.life.church/