Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Без анксиозностПримерок

Anxious For Nothing

2 ДЕН ОД 7

Што ако анксиозноста може да те донесе поблизу до Исус? Џордан помина цела година во молитва молејќи се за исчезнување на неговата анксиозност се додека откри нешто подлабоко—посилна врска со Исус. Можеби може да се пронајдете во неговата приказна: 

“Мислам дека ќе умрам.”

Тоа е точно она на кое помислував многубројни не наспани ноќи изминатата година. Ќе се обидев да заспијам за да бидам разбуден во терор без никаква причина. Ме стегаа моите гради. Се чувствував како да се гушам, и повремено не можев да дишам. Циклусот се повторуваше, и евентуално започнав да спијам на каучот за да не ја будам мојата сопруга. 

Еден ден, отидов на доктор и ги објаснив симптомите—болка во градите, проблем со спиењето, и панични напади. После неколку тестови при посетите, ме дијагностицира со анксиозност. Може да бидам искрен? Се почувствував како пропаднат Христијанин. Дали не се молев против ова на правиот начин? Не би требало да се соочувам со ова, Би си помислил, Јас треба да имам мир, не грижи—тоа е она што Исус кажа да го правиме!

Откако ги проследив инструкциите од докторот, со почетокот на земањето мали дози на лекови, продолжив да се молам за анксиозноста да си замине. Не сакав да се справувам со ова повеќе.

Во 2 Коринтијаните 12, Павле го опиша неговиот "трн во месо". Иако ние не знаеме што беше "трнот" на Павле, анксиозноста секако дека може да се почувствува како таков за многу луѓе, вклучувајќи ме и мене. Павле кажа дека се изјаснил пред Господ три пати да го одземе, но наместо тоа, Исус му кажа, “Мојата милост е доволна за тебе, зошто мојата моќ е перфектно претставена во слабост.” (додадено нагласување)

Милоста на Исус е доволна, без оглед на околностите. Како што се молев за исцелување, започнав да се приближувам поблиску до Исус. Исто како Павле, Бог не го одзема мојот “трн.” Како и да е, ме направи да имам поголема пасија за читање од Неговиот Збор, и се молев повеќе од кога и да било порано.

Јас мислев дека тоа што ми треба е исцелување од мојата анксиозност. Реално, ми требало повеќе Исус. Сега, не кажувам дека доколку би бил поблиску до Исус не би бил анксиозен. Исто така нема да престанам да се молам да си замине анксиозноста. Продолжувам да се молам за бидам избавен од овој трн исто како што направил и Павле. 

Но нешто подобро ми се случи од тоа да бидам само исцелен од анксиозноста: Јас развивам подлабоко разбирање за Бог и побогата врска со Него.

Наместо само да се молам за мир, се доближив поблизу до Принцот на Мирот. Кога започнав да се грижам за мојата иднина, се потсетив себеси дека тој е Алфа и Омега—Почетокот и Крајот, првиот и последниот.

Се молев за мојата анксиозност да замине, но пронајдов нешто многу подобро: огромното, присуство на љубовта на Исус во мојот живот—дури и на сред анксиозност.

-Џордан

Ден 1Ден 3

Опис за овој план

Anxious For Nothing

Што ако има подобар начин да се бориме против безконечните грижи кои те држат буден навечер? Вистинскиот одмор е достапен—можеби поблиску одколку што си замислуваш. Заменете ја паниката со мир преку овој 7-дневен Библиски план од Life.Church, придружувани од серијата пораки “Без анксиозност“ од пастор Крег Грошел.

More

Благодарни сме на Life.Church за реализацијата на овој план за читање. За повеќе информации, посетете го: https://www.life.church/