Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Секој чекор е НапредокПримерок

Every Step An Arrival

4 ДЕН ОД 5

Видливата Црква

Додека стоеше Соломон пред новиот храм, си го постави прашањето кое порано или подоцна секој еден од нас си го поставува: “Зар Бог ќе сака да живее на земјата? “ (1 Цареви 8:27).

Соломон е навреден од овој скептицизам, но сепак продолжува да се моли. Тој се моли за Бог да ги слушне луѓето кои влегуваат во Неговиот дом да се молат, да ги задоволи нивните потреби преку целиот ден и да им прости кога ќе слушне дека бараат опростување. 

Истите двоумења кои ги имал Соломон, ги имаме и ние, но исто како него, и ние продолжуваме да се молиме. Здраворазумниот приговор за Божјото постоење на земјата во куќата за молитва и Божјото присуство во време на славење, не успева да преживее покрај доказот на сведоштвата и верата. Покрај сѐ, здравиот разум е еден од најневеродостојните тестови за реалност. Циничното прашање “Дали е возможно?“ наоѓа правилен одговор во подлабокиот разум, поопширното искуство, и реалната вера која тврди, “Да, можно е!“ 

Во оваа глава, преку молитвата на Соломон можеме да видиме три подрачја во кои видливото е канал за невидливото, и тие се подрачја во кои сме ден денес вклучени. Првото подрачје е поврзано со историјата во кое Соломон ги претставува неговите средби со Бог од минатото. Лошото минато е закана за нашите молитви. 

Второто е поврзано со простување. Многу често се случува нашите молитви да ги користиме за да направиме Бог да делува и работи на наша страна, но црквата што ја гледаме денес е мерило за тоа. Простувањето е точка на пресврт во молитвата, премин од барањето на нашиот начин во потрага по Божјата волја за нашите животи за Тој да може да не искористи за Неговите потреби. 

Третото подрачје е спомнато од Соломон со зборот странец, што може да се преведе како “непознат.” Кога нашите интереси се фокусирани ексклузивно на себе, на нашите фамилии и малите кругови на познаници, ние губиме осет за големата Христова црква и светот на Христос кој е во потрага за заедништво со Него. 

Трите Соломонови лекции во молитва можат да се сумираат во три збора: историја (Божјата работа во минатото), опростување (точка на пресврт од себеси до Божјата волја), и другите (или странците). Моли се за зборот да те осветли и да биде посветен лично на тебе.

  

Свето Писмо

Ден 3Ден 5

Опис за овој план

Every Step An Arrival

Се надеваме дека ќе посветиш внимание со твојот ум и твоето срце додека ги читаш овие пет посвети од Јуџин Питерсон преку кои Светиот Дух ќе те утеши, охрабри или предизвика користејки ја содржината во нив. Можеш да си запишеш прашања за размислување на крајот од секоја посвета за да ја оформиш твојата молитва за почеток на денот—не е поентата ова да претставува крајна цел туку почетна точка за она што следи понатаму.

More

Би сакале да се заблагодариме на Вотер Брук Мултнома што ни го овозможи овој план. За повеќе информации ве молиме посетете ја веб-страната: https://waterbrookmultnomah.com/books/540871/every-step-an-arrival-by-eugene-h-peterson/