Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Секој чекор е НапредокПримерок

Every Step An Arrival

3 ДЕН ОД 5

Духовна Вештина

Кога ќе се случи нешто што не можеме да го објасниме велиме дека се случило чудо. Според оваа дефиниција, повеќето работи кои може да ги направи еден магионичар би претставувале чудо за мене иако знам многу добро дека не се. Чудото според Библиската традиција не е она што не го разбираме, туку нешто што не сме можеле да го направиме самите, а ни се случило. Чудото е функционално, тоа е нешто кое Бог го прави за нас, самиот Тој или преку некои луѓе. Тоа е нешто што самите ние не можеме да го направиме.  

Возможно е да го разбереш, но дури и да го разбереш тоа не би престанало да претставува чудо самото по себе. Зборот чудо сам по себе не значи нешто што е над нашата способност да разбереме туку нешто што е над нашите способности да го направиме. Поради ова нешто кога ќе испешачам наутро и ќе го видам изгрејсонцето можам да кажам дека “се случи чудо“, што би било тотално точно Библиски. Секое утро е ново чудо. 

Како успеваш да се фокусираш со очите секојдневно за да го видиш чудото? Како можеш да создадеш дисциплина за да се исклучиш од галамата на виорот на светот и да ја слушнеш ангелската симфонија како пее за Божјата слава на висините?

Мораш да го посветиш своето внимание, твојата психичка свест, твојата љубопитност и твојот интелект. Слухот сам по себе не е само биолошка функција на акустика, туку е и внатрешна духовна вештина. 

Немој да застраниш од детете во шталата. Тоа е дете, но е од фамилијата на пророкот Мојсеј и Тој ти зборува и денес. Сака да ти каже нешто кое е дизајнирано да завладее во твојот живот, нешто кое те води до нов начин на живеење, живот во димензиите на вечноста. Тој вели дека Бог те љуби, те прифаќа таков каков што си, дека твојот живот има судбина и е од големо значење во вечноста.

Дали приметувам дека си го слушнал ова порано од некаде? Сигурно не, поради тоа што ова е извонреден, животодавен и прекрасен нов збор. Откако ќе го разбереш ова, никогаш нема да се вратиш на минатото. Сѐ ќе биде обновено. Тоа е таков збор што кога и да го слушнеш ќе биде како да го среќаваш за прв пат. 

Која е таа работа која можеш да ја сториш денес за да го насочиш твоето срце и твојот ум да ги примети чудата кои потекнуваат од Божјото присуство во твојот живот?

  

Свето Писмо

Ден 2Ден 4

Опис за овој план

Every Step An Arrival

Се надеваме дека ќе посветиш внимание со твојот ум и твоето срце додека ги читаш овие пет посвети од Јуџин Питерсон преку кои Светиот Дух ќе те утеши, охрабри или предизвика користејки ја содржината во нив. Можеш да си запишеш прашања за размислување на крајот од секоја посвета за да ја оформиш твојата молитва за почеток на денот—не е поентата ова да претставува крајна цел туку почетна точка за она што следи понатаму.

More

Би сакале да се заблагодариме на Вотер Брук Мултнома што ни го овозможи овој план. За повеќе информации ве молиме посетете ја веб-страната: https://waterbrookmultnomah.com/books/540871/every-step-an-arrival-by-eugene-h-peterson/