Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Секој чекор е НапредокПримерок

Every Step An Arrival

2 ДЕН ОД 5

Порано на Времето

“Порано на Времето” го означува почетокот на сите добри приказни и е начин на кој Христијаните се соочуваат со прашањето "Дали мојот живот има поента?". Во една приказна секој карактер е важен и секоја личност има своја улога. Па можеме да кажеме “Порано на времето”, па тука следат нашата вера и нашите двоумења, нашата послушност и непослушност, нашето славење и нашата незаинтересираност. Сето ова и многу повеќе е само дел од една приказна—која има некаква поента. 

Не се сите приказни поврзани со херои или епски авантури. Имаме приказни како—оние на Јосиф и Мојсеј и Давид и Павле, но исто така ги имаме приказните како оние на Ноемина и Рута и Вооз. Имаме секојдневна акција, но сета таа акција—имигрирањето, лојалноста на Рута и Ноемина, добрината на Вооз према Рута, придржувањето према законот—сите овие детали се дел од една приказна која е мал дел од Божјата приказна за спасение. Приказна која има поента—и ни значи сѐ. 

Ноемина влезе во оваа приказна огорчена, жалејки се поради нејзината загуба. Ова е несреќа која нараторот ја сфатил сериозно и ја оформил како жалба према Бог. Овие стихови се напишани на начин на кој таа ја изразува нејзината жалба према Бог. Овој стил на жалење во правна форма исто така е раскажан во Еремија, кој се вклучи во тужба и контратужба помеѓу Бог и луѓето. Тој ги слушаше жалбите на луѓето и ги пријавуваше како правни процедури против Бог во кои обвинувањата беа дека Бог не бил фер и праведен према нив. 

Колку и да звучи безбожно или дури како богохулење да се зборува на овој начин према Бог, чист факт е дека ова е библиски. Со слушање на нашите жалби и формулирајки ги против Бог, си помагаме еден на друг да навлеземе во приказната. Ние не мораме да бидеме цело време на страната на Бог и да го браниме, кога сме во позиција да бидеме на страната на тужителот. Со тоа што ќе ја сфатат сериозно—не одбиено, нескротливо, не продуховено—жалбата на Ноемина ќе стане дел од приказната. Нејзината животна празнина е вткаена во сценариото и процесот на демонстрирање на Божјата промисла. 

Дали се двоумиш да ги искажеш своите жалби према Бог? Како може приказната на Ноемина да те поведе во храбро и искрено излагање пред Бог? 

  

Свето Писмо

Ден 1Ден 3

Опис за овој план

Every Step An Arrival

Се надеваме дека ќе посветиш внимание со твојот ум и твоето срце додека ги читаш овие пет посвети од Јуџин Питерсон преку кои Светиот Дух ќе те утеши, охрабри или предизвика користејки ја содржината во нив. Можеш да си запишеш прашања за размислување на крајот од секоја посвета за да ја оформиш твојата молитва за почеток на денот—не е поентата ова да претставува крајна цел туку почетна точка за она што следи понатаму.

More

Би сакале да се заблагодариме на Вотер Брук Мултнома што ни го овозможи овој план. За повеќе информации ве молиме посетете ја веб-страната: https://waterbrookmultnomah.com/books/540871/every-step-an-arrival-by-eugene-h-peterson/