Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Секој чекор е НапредокПримерок

Every Step An Arrival

1 ДЕН ОД 5

Прифаќање на она што Бог го Прави

Додека ги читаме Библиските наративи, повеќе учиме за самите себе отколку за античката историја. Зборовите од прашањата на Гидеон во стиховите ни одекнуваат од устата: "Ако Господ е со нас, зошто тогаш нѐ снајде сета оваа мака?” (Судии 6: 13). 

Бог ни изгледа далечно во моментите кога се соочуваме со смрт, страдања, досада, работни задачи кои не ги сакаме, луѓе кои не ги разбираме или околности кои не можеме да ги промениме. Ги слушаме Гидеоновите прашања со надеж дека ќе добиеме одговор на нашите. Но, често можеме да видиме дека се случува во Библијата во средбите помеѓу Бог и луѓето да нема одговор, барем не таков одговор каков што би го класифицирале како таков. Наместо тоа, има команда: “Спаси го Израел од Мидјаните.” (стих 14).

Одговорот на Гидеон би бил сличен на она што ние би го одговориле: “Господи, како ќе го спасам Израел: ете и племето ми е најбедно во коленото Манасиево и јас сум најмал во домот на мојот татко“ (стих 15). Но Бог му покажа на Гидеон дека нема повеќе да ги испитува неговите грешки од минатото, нема да се шпекулира за верата и нема да има самоиспитување. Иницијативата беше во Божји раце, исто како што се случи и во Египет. Сѐ што требаше Гидеон да прави е да биде послушен и да се држи до Божјото ветување. Тој требаше само да служи, а Бог ќе ја извојува неговата победа. 

Ако се свртите да погледнете на вашето минато, да пребарувате низ вашата фамилијарна историја, да ги набљудувате традициите на нацијата, може да видите што се случува кога еден човек ќе одбие да одговори на Бог и ќе ја одбие Неговата љубов. Непослушноста е многу лесно да се дијагностицира. Помеѓу вообичаените симптоми се наоѓаат слабите морални рефлекси, тешката совест која е поврзана со дигестивниот систем, голема вина која прави да чувствуваш замор и ниско степена депресија која ја цица вашата енергија. 

Имам добра вест за сите оние кои можат да ги приметат овие симптоми во себе: Бог те љуби, Тој е спремен да ти ги прости гревовите и да создаде нов и вечен живот во тебе. Бог е спремен во овој момент да го заборави нашето минато, да ги избрише и изгори старите записи за лошите нешта кои сме ги сториле. Нема нешто што си го направил или што можеш да го замислиш, што те дисквалификува за работите кои Тој ги прави за тебе. 

Кога ти се случува твоето чувство на слабост или свест за грешките од минатото, да те спречат да чекориш по Божјиот пат?

  

Свето Писмо

Ден 2

Опис за овој план

Every Step An Arrival

Се надеваме дека ќе посветиш внимание со твојот ум и твоето срце додека ги читаш овие пет посвети од Јуџин Питерсон преку кои Светиот Дух ќе те утеши, охрабри или предизвика користејки ја содржината во нив. Можеш да си запишеш прашања за размислување на крајот од секоја посвета за да ја оформиш твојата молитва за почеток на денот—не е поентата ова да претставува крајна цел туку почетна точка за она што следи понатаму.

More

Би сакале да се заблагодариме на Вотер Брук Мултнома што ни го овозможи овој план. За повеќе информации ве молиме посетете ја веб-страната: https://waterbrookmultnomah.com/books/540871/every-step-an-arrival-by-eugene-h-peterson/