Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Секој чекор е НапредокПримерок

Every Step An Arrival

5 ДЕН ОД 5

Вистинско Славење

Една од најневообичаените фрази во следниот Псалм е “ги напојуваш браздите нејзини, и ги порамнуваш грутките нејзини и со дождовни капки ја благословуваш да раѓа плодови” (Псалм 65:10). Тука псалмистот доживува чувство на полнота. Тој гледа како во таа година се раѓа нов живот во пролетта како крунисана кралица со Божји венци заробена во новите свежо обраснато полиња, послужени од распространетите стада. Додека го слушаме псалмистот со каков ентузијазам збори за овие чуда, лесно е да добиеме желба да се најдеме на тоа место. 

Иако псалмот не вели ништо директно за следново, но во времето кога е напишан псалмот, се инсистираше во писмата на внимателност према човекот кој би ја заменил црквата со природата, каде што би го славел Бог таму, наместо во храмот за време на ритуалот. Тоа е импулсивност во модерниот човек, кога вели дека може поубаво да го прославува Бог додека е изложен на некое убаво зајдисонце наместо да моли некои антички молитви во некоја натрупана црква. Тој можеби и ќе го слави подобро таму, но поголема е шансата дека во тие моменти не го прославува Бог, туку сонцето или уште полошо, неговите чувства за сонцето. 

Христијанското прославување предизвикува прочистување на времето и просторот. Сѐ она што го гледаме, местото каде што живееме, и она што го негуваме во нашиот секојдневен живот е концентрирано во тој момент на Христијанско прославување, за да можеме да го видиме целосното и вечно значење. Прославувањето ја зголемува вредноста на времето и на просторот во обичниот свет, затоа и нема некој кој би сакал или можел да живее во напорниот свет на прослава цело време, но прославувањето служи за да го изостри Христијанинот во сѐ што прави.

Христијанинот кој ја напушта прославата знае дека љубовта, надежта, славата, благословите и милоста се оние нешта кои можат да направат разлика за само неколку минути, во нашиот вечен живот. Христијанинот кој прославува може да го споредиме со гимнастичар на трапез. Таа го доживува различно значењето на времето и просторот, за кога ќе се врати во нејзиниот секојдневен свет да биде изострена и прецизна во нејзините чувства и дела како никогаш порано. 

Дали некогаш си имал некое искуство во текот на славењето што го променило начинот на кој се поврзуваш со Бог или други луѓе откако завршило?

Доколку уживаше во оваа 5 дневна посвета од Јуџин Питерсон, сигурно ќе сакаш да ја разгледаш неговата книга, Секој Чекор е Напредок  

Свето Писмо

Ден 4

Опис за овој план

Every Step An Arrival

Се надеваме дека ќе посветиш внимание со твојот ум и твоето срце додека ги читаш овие пет посвети од Јуџин Питерсон преку кои Светиот Дух ќе те утеши, охрабри или предизвика користејки ја содржината во нив. Можеш да си запишеш прашања за размислување на крајот од секоја посвета за да ја оформиш твојата молитва за почеток на денот—не е поентата ова да претставува крајна цел туку почетна точка за она што следи понатаму.

More

Би сакале да се заблагодариме на Вотер Брук Мултнома што ни го овозможи овој план. За повеќе информации ве молиме посетете ја веб-страната: https://waterbrookmultnomah.com/books/540871/every-step-an-arrival-by-eugene-h-peterson/