Од овој ден натаму, од Крег и Ејми ГрошелПримерок
„Сè додека и двајцата сте живи“
Барајте го Бог. Борете се чесно. Забавувајте се. Останете чисти. Никогаш не се откажувајте. Овие пет обврски се клучевите за траен брак. Но нам ни треба Бог за да ги постигнеме овие работи; не можеме да ги постигнеме со сопствени сили.
Оставете го минатото во минатото. Нека секој ден биде еден нов ден. Од овој ден натаму, можеме да одлучиме што сакаме нашиот брак да биде. Не можеме да го промениме минатото, но Бог може да ја промени нашата иднина. Чувај го својот брак едноставен, фокусиран, со Исус во центарот на него и ќе имаш брак за каков многу луѓе само сонуваат.
Ајде да се помолиме заедно: Боже, помогни ми да го видам крајот на овој план за читање како почеток на ново нешто што Ти сакаш да го направиш во мојот брак. Ти давам комплетно управување на секој дел од мојот живот — вклучувајќи го мојот брак — за да целиот мој живот биде за Твоја слава и чест. Јас сакам брак кој прикажува на светот какви се Твојата љубов, откупување, благодат и простување. Како што јас се обврзувам да те барам Тебе, те молам биди присутен во мојот брак и дај ни ја на двајцата Твојата благонаклоност. Ти благодарам за сѐ што Ти веќе имаш направено во нашата врска. Благодарам и за она што верувам дека Ти ќе продолжиш да го правиш во нас и преку нас. Во Името на Исус, амин.
Опис за овој план
Ти можеш да имаш одличен брак. Одлуките кои ги донесуваш денес ќе одредат каков брак ќе имаш утре. Пасторот и еден од најпродаваните автори според New York Times Крег Грошел (Craig Groeschel), заедно со неговата сопруга Ејми (Amy), ти покажуваат како следниве пет одлуки може да ти помогнат да го заштитиш бракот од неуспеси: барај го Бог, бори се чесно, забавувај се, остани чист и никогаш не се предавај. Добиј го бракот што отсекогаш го сакаше, почнувајќи сега - од овој ден натаму.
More
Би сакале да се заблагодариме на Zondervan, HarperCollins и LifeChurch.tv што го обезбедија овој план. За повеќе информации, види: http://www.zondervan.com/from-this-day-forward