Од овој ден натаму, од Крег и Ејми ГрошелПримерок
„Од овој ден натаму“
Без разлика дали си во брак во моментов, дали некогаш мечтаеш за тоа како би изгледал твојот брак? Каков тип на личност посакуваш за брачен партнер? Каков вид на врска би имале вие заедно? Дури и за тоа дали би имале деца и каде би живееле? Сега размисли за животот кој го имаш денес. Кога нашата реалност не ги исполнува нашите соништа, што можеме да направиме околу тоа?
Брачните завети често вклучуваат фрази како „во добро или лошо, во богатство или сиромаштија, во болест и во здравје“. Врските ги содржат сите овие работи. Без разлика на тоа дали околностите, изборите, недостатоците или изненадувањата нѐ довеле до реалност која е поразлична од нашите соништа, ние не можеме да гледаме во минатото за да ја подобриме сегашноста. Ние можеме само да се обврземе на подобра иднина почнувајќи сега — „од овој ден натаму“
Ако беше лесно да имаш брак како од твоите соништа, ти веќе ќе го имаше, нели? Ако немаш сила, ќе треба да научиш да се потпираш на Христовата сила, која е секогаш доволна. Дури и ако се наоѓаш на место во кое се чувствуваш како да си без љубов — можеш да сметаш на Неговата љубов која никогаш не запира.
Ајде да се помолиме заедно: Господе, ти благодариме што секој ден кој го имаме од Тебе ни е подарок и уште една шанса за нов почеток. Помогни ни да простиме и да се ослободиме од минатото. Те молиме да ни помогнеш денес да ја видиме Твојата сила во нашите слабости, а потоа повторно утре и секој нареден ден. Во името на Исус, амин.
Опис за овој план
Ти можеш да имаш одличен брак. Одлуките кои ги донесуваш денес ќе одредат каков брак ќе имаш утре. Пасторот и еден од најпродаваните автори според New York Times Крег Грошел (Craig Groeschel), заедно со неговата сопруга Ејми (Amy), ти покажуваат како следниве пет одлуки може да ти помогнат да го заштитиш бракот од неуспеси: барај го Бог, бори се чесно, забавувај се, остани чист и никогаш не се предавај. Добиј го бракот што отсекогаш го сакаше, почнувајќи сега - од овој ден натаму.
More
Би сакале да се заблагодариме на Zondervan, HarperCollins и LifeChurch.tv што го обезбедија овој план. За повеќе информации, види: http://www.zondervan.com/from-this-day-forward