Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Од овој ден натаму, од Крег и Ејми ГрошелПримерок

Craig & Amy Groeschel’s From This Day Forward

4 ДЕН ОД 7

„Забавувај се“ Да се биде во брак може да биде многу забавно. Време исполнето со многу исчекување и возбуда, а сепак претставува многу мал временски прозорец во контекст на еден цел живот поминат заедно. Како можеш забавата од времето на додворување, веридба и меден месец да ја пренесуваш во бракот, од година во година? Како можеш да се забавуваш кога се соочуваш со финансиски притисоци, проблеми со децата или едноставно поминуваш низ нормална промена на сезоните на животот? Дали треба да продолжиш да се додворуваш на твојот сопружник откако веќе си го „уловил“? ДА! Треба да направиш забавата да ти биде приоритет. Може да изгледа како луксуз кој не можеш да си го дозволиш, но реалноста е дека тоа е неопходен дел за брак кој има километража. Забавата е потреба. И ти можеш да ИЗБЕРЕШ да се забавуваш со твојот сопружник. Што ако нечиј брак изгледа позабавен од твојот? Што ако девојката од банката се смее на твоите шеги? Што ако колегата во твојата канцеларија изгледа како секогаш да има подобри планови за викенд? Ако тревата изгледа позелена на друго место — наводени го твојот тревник! Свесно посвети се на интимност и приврзаност. Работи на тоа повторно да станете најдобри пријатели: заедничка смеа, милување, барање удобност и среќа еден во друг. Може нема да изгледа забавно да закажете термин за забава, но тоа може да биде токму она од каде треба да започнете. Во секој случај, тоа е таа врска која ти ја посакуваш, зарем не? Ајде да се помолиме заедно: Татко, ние се каеме за работите кои сме дозволиле да го истиснат нашето заедничко време. Помогни ни да создадеме прилики за посветено време како пар. Дај ни мудрост и креативност да наоѓаме начини да уживаме во заедништво. Во името на Исус, амин.
Ден 3Ден 5

Опис за овој план

Craig & Amy Groeschel’s From This Day Forward

Ти можеш да имаш одличен брак. Одлуките кои ги донесуваш денес ќе одредат каков брак ќе имаш утре. Пасторот и еден од најпродаваните автори според New York Times Крег Грошел (Craig Groeschel), заедно со неговата сопруга Ејми (Amy), ти покажуваат како следниве пет одлуки може да ти помогнат да го заштитиш бракот од неуспеси: барај го Бог, бори се чесно, забавувај се, остани чист и никогаш не се предавај. Добиј го бракот што отсекогаш го сакаше, почнувајќи сега - од овој ден натаму.

More

Би сакале да се заблагодариме на Zondervan, HarperCollins и LifeChurch.tv што го обезбедија овој план. За повеќе информации, види: http://www.zondervan.com/from-this-day-forward