Од овој ден натаму, од Крег и Ејми ГрошелПримерок
„Остани чист/а“
Луѓето трошат месеци во планирање на својата венчавка, но понекогаш забораваат планирањето на својот брак да го направат приоритет. Можеби ќе се согласиш да присуствуваш на предбрачен собир или да разговараш со свештеникот кој ќе те венчава, но всушност често не се отвораме за тоа какви работи е можно да внесеме во врската. Ние можеби и не сме целосно свесни за тоа како нашите вообичаени мисли и однесувања можат да го загрозат нашето единство.
Бидејќи брачниот кревет е Божјиот стандард за сексуална интимност, тој воедно е и местото кое најмногу страда кога во врската е доведен сексуален товар. Дали тоа е од промискуитетно минато, сексуално ориентирана музика, непристојни романи, неизлечени рани од злоупотреба или изложеност на порнографија — секој извор на сексуална стимулација надвор од контекстот на твојот брак е опасна закана. Без разлика колку се имаш убедено дека е безопасно, сѐ додека го чуваш како тајна од твојот сопружник, ти ја затвораш вратата за интимноста и ја отвораш вратата за прељубата.
Дали сте подготвени заедно да поставите бариера за да ги задржите тие закани надвор? Дали имаш волја свесно да ги ограничиш своите слободи за да можеш решително да им одолееш на искушенијата кога ќе се појават? Дали имаш волја отворено да ги споделуваш твоите дневни активности, твоите разговори или твоите комуникации преку интернет? Прави го ова кога си силен за да се заштитиш кога си слаб. Прашај го Бог да ти ги покаже твоите слабости - потоа поткрепи ги.
Ќе бидат ли линиите преминати? Ќе се случат ли неуспеси? Речиси е сигурно. Справувај се со проблемите како што се појавуваат. Замоли го Бог да ти прости. Прашај го твојот сопружник дали ќе ти прости. Но бори се да останеш чист/а. Чистотата е битна.
Ајде да се помолиме заедно: Исусе, Ти плати толку висока цена за да нѐ направиш нас чисти и нови. Само Ти можеш да нѐ направиш чисти во Твоите очи. Помогни ни да имаме храброст да останеме чисти. Дај ни сила да простиме и да ги заштитиме нашите срца од штетата на гревот. Во Името на Исус, амин.
Опис за овој план
Ти можеш да имаш одличен брак. Одлуките кои ги донесуваш денес ќе одредат каков брак ќе имаш утре. Пасторот и еден од најпродаваните автори според New York Times Крег Грошел (Craig Groeschel), заедно со неговата сопруга Ејми (Amy), ти покажуваат како следниве пет одлуки може да ти помогнат да го заштитиш бракот од неуспеси: барај го Бог, бори се чесно, забавувај се, остани чист и никогаш не се предавај. Добиј го бракот што отсекогаш го сакаше, почнувајќи сега - од овој ден натаму.
More
Би сакале да се заблагодариме на Zondervan, HarperCollins и LifeChurch.tv што го обезбедија овој план. За повеќе информации, види: http://www.zondervan.com/from-this-day-forward