Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Од овој ден натаму, од Крег и Ејми ГрошелПримерок

Craig & Amy Groeschel’s From This Day Forward

2 ДЕН ОД 7

„Барај го Бог“ Современата култура ни кажува дека треба да ја бараме совршената личност: „единствената“. Ако успееме да ја пронајдеме и да стапиме во брак со „единствената“ личност, тогаш сѐ понатаму треба да биде брачна среќа, нели? Поприлично е неразумно да имаме такво очекување од некого. Само помисли: дали ТИ ќе сакаш да бидеш онаа „единствена“ личност што ќе ја носи таа одговорност? Тогаш зошто да наметнуваме такви очекувања на некој друг? Бог е Тој кој те исполнува. Тој те создаде за да го љубиш Него со сето свое срце и да го поставиш над сѐ останато. Бог е твојот Единствен. Твојот брачен сопатник е на второ место. И кога двајцата ќе се обврзете да го барате Бог заедно, вие можете да изградите брак - заедно - на цврста основа која ќе го издржи тестот на времето Што можеш да побараш од Бог да направи во тебе за да станеш подобар партнер за твојот сопружник? Постани таков тип на човек со каков што посакуваш да бидеш во брак. Барај го Единствениот заедно со личноста што ти е на второ место. Започнете со ветување дека ќе се молите заедно секој ден, па дури и да биде преку текстуална порака, телефон или во тишина. Ајде да се помолиме заедно: Боже, помогни ни да Те поставиме Тебе на прво место во нашиот дом и да Те бараме заедно. Помогни ни да создадеме силна основа, градејќи ја нашата врска во Тебе. Помогни ни да се посветиме редовно да се молиме заедно во секој ден. Во името на Исус, амин.
Ден 1Ден 3

Опис за овој план

Craig & Amy Groeschel’s From This Day Forward

Ти можеш да имаш одличен брак. Одлуките кои ги донесуваш денес ќе одредат каков брак ќе имаш утре. Пасторот и еден од најпродаваните автори според New York Times Крег Грошел (Craig Groeschel), заедно со неговата сопруга Ејми (Amy), ти покажуваат како следниве пет одлуки може да ти помогнат да го заштитиш бракот од неуспеси: барај го Бог, бори се чесно, забавувај се, остани чист и никогаш не се предавај. Добиј го бракот што отсекогаш го сакаше, почнувајќи сега - од овој ден натаму.

More

Би сакале да се заблагодариме на Zondervan, HarperCollins и LifeChurch.tv што го обезбедија овој план. За повеќе информации, види: http://www.zondervan.com/from-this-day-forward