Од овој ден натаму, од Крег и Ејми ГрошелПримерок
„Бори се чесно“
Сите парови се караат. Но КАКО се карате може да направи разлика помеѓу мало несогласување и голема штета. Здравите парови се караат за разрешување, не за победа. Конфликтот сам по себе не ги убива врските. Но тука се и четирите предупредувачки знаци дека со конфликтите не се справуваш на конструктивен начин:
1. Критикување
Дали го користиш несогласувањето или конфликтот како можност да го критикуваш твојот сопружник? Дали го/ја критикуваш пред други луѓе? Критикувањето е предупредувачки знак дека се борите помеѓу себе, наместо да се борите за вашата врска.
2. Непочитување
Непочитувањето е еден од најточните индикатори дека бракот скршнува од патот. Дури и ако никогаш не е изразено со зборови, но само еден разочарувачки поглед предизвикан од одвратност, огорчено превртување очи или зајадлива забелешка е сепак еден голем лош знак.
3. Одбранбен став
Токму сега - кога не си во сред борба - треба да си признаеш дека одбранбениот став не е нешто што можеш да го препознаеш во себе тогаш кога ќе се крене прашината. Ќе треба да избереш да слушаш кога ќе ти биде посочено.
4. Одолговлекување
Ако твојот сопружник не сака да го бара Бог заедно со тебе, не дозволувај тоа да те запре. Твојот сопружник не е твој непријател. Ние имаме само еден непријател. Тој е крадец и лажливец кој никогаш не се бори чесно. Не се карајте помеѓу себе. Здружете се заедно и борете се против духовните работи кои ја саботираат вашата врска, како гордост и стврднато срце.
Ајде да се помолиме заедно: Исусе, те молиме помогни ни да не дозволиме конфликтите да додаваат товар во нашиот брак. Помогни на секој од нас дa ја отфрлиме својата гордост и почнеме да се справуваме со сопствените слабости како критикување, презир, одбранбен став или одолговлекување. Помогни ни да се посветиме на борба која ќе води до обнова и решенија. Во името на Исус, амин.
Опис за овој план
Ти можеш да имаш одличен брак. Одлуките кои ги донесуваш денес ќе одредат каков брак ќе имаш утре. Пасторот и еден од најпродаваните автори според New York Times Крег Грошел (Craig Groeschel), заедно со неговата сопруга Ејми (Amy), ти покажуваат како следниве пет одлуки може да ти помогнат да го заштитиш бракот од неуспеси: барај го Бог, бори се чесно, забавувај се, остани чист и никогаш не се предавај. Добиј го бракот што отсекогаш го сакаше, почнувајќи сега - од овој ден натаму.
More
Би сакале да се заблагодариме на Zondervan, HarperCollins и LifeChurch.tv што го обезбедија овој план. За повеќе информации, види: http://www.zondervan.com/from-this-day-forward