Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Освалд Чемберс: Мир - Живот во духотПримерок

Oswald Chambers: Peace - Life in the Spirit

17 ДЕН ОД 30

Дваесет векови поминаа откако дојде Исус, Принцот на мирот, и ангелите прогласија мир на земјата. Но, каде е мирот? Новиот Завет не говори дека ангелите пророкуваa мир: тие прогласиле мир — мир на луѓето кои се со добра волја спрема Бог. Исус Христос дојде да покаже дека Бог е со луѓето, и преку Него секој човек може да постане син Божји според примерот на Исус Христос. Ова е Христијанското откровение.

Оние кои се на тој пат, имаат силна семејна сличност со Исус, Неговиот мир нив ги означува на сосема видлив начин. Светлината на утрото е на нивните лица, а радоста на бескрајниот живот, во нивните срца. Каде и да отидат, луѓето се задоволени, исцелени или постануваат свесни за нивната потреба.

Прашања за размислување: Дали моето присуство е означено со Христовиот мир? На кои начини учествувам во мирот што го проповедал Христос? На кои начини го спречувам да стане реалност?

Цитати преземени од „The Place of Help“, © Discovery House Publishers

Свето Писмо

Ден 16Ден 18

Опис за овој план

Oswald Chambers: Peace - Life in the Spirit

„Мир: Живот во Духот“ е инспирационо богатство на цитати од делата на Освалд Чемберс, светски познат писател на инспиративни приказни и автор на делото „Моето најдобро за Неговото Височество“ (My Utmost for His Highest). Најди засолниште во Бога и постигни подлабоко разбирање за важноста на Божјиот мир во твојот живот.

More

Благодарни сме на Discovery House Publishers за овој план. За повеќе информации, види: www.utmost.org