Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Освалд Чемберс: Мир - Живот во духотПримерок

Oswald Chambers: Peace - Life in the Spirit

18 ДЕН ОД 30

Зборуваме за мирот на Исус, но, дали некогаш сме размислиле каков бил тој мир? Прочитај ја приказната за неговиот живот, за 30-те години тивка потчинетост во Назарет, 3-те години на служба, поднесување на клевети, нетрпеливост, озборување и омраза, издржување неспоредливо полоши работи од она што ние некогаш би издржале; а Неговиот мир бил непрекинат и не можел да му се одземе. Тоа е оној мир кој Бог ќе ни го покаже на небесата; не некој сличен на него, туку баш тој мир. Во сета брзина на животот, во нашето работење, во сиот наш телесен живот, секогаш кога Бог диригира со нашите околности — „Мојот мир“ — спокојниот, апсолутниот Исусов мир, ќе ни биде предаден во секој детаљ од нашите животи.

„Твојот допир сѐ уште ја има онаа древна моќ. Допри ме, Господи, во заедништво со Тебе сѐ додека целото мое битие не засјае со Твојот мир и радост.“

Прашања за размислување: Дали носам таков мир во себеси кој може да поднесе навреди на клевета и омраза? Што најчесто го нарушува мојот мир? Зошто?

Цитати преземени од „Our Brilliant Heritage“ и „Knocking at God’s Door“, © Discovery House Publishers

Свето Писмо

Ден 17Ден 19

Опис за овој план

Oswald Chambers: Peace - Life in the Spirit

„Мир: Живот во Духот“ е инспирационо богатство на цитати од делата на Освалд Чемберс, светски познат писател на инспиративни приказни и автор на делото „Моето најдобро за Неговото Височество“ (My Utmost for His Highest). Најди засолниште во Бога и постигни подлабоко разбирање за важноста на Божјиот мир во твојот живот.

More

Благодарни сме на Discovery House Publishers за овој план. За повеќе информации, види: www.utmost.org