Освалд Чемберс: Мир - Живот во духотПримерок
Има прекрасни работи за светлината, но исто така има и страшни. Еднаш, кога светлината на Божјиот Дух ќе засвети во нечие срце и живот, кои претходно биле совршено среќни и спокојни без Бог, може да настане страшен пресврт. Тогаш светлината носи збунетост и катастрофа. Кога светлината доаѓа, сите работи кои се во темнината почнуваат да треперат. Мракот на незнабоштвото е раздвоен, не со доаѓањето на цивилизацијата, туку преку сведоштвата на жените и мажите кои му биле верни на Бога.
Нашиот Господ ги користи очите како симбол на совеста на човекот кој стои исправен пред Светиот Дух. Ако чекориме во светлината како Бог што е светлина, тоа ќе ги чува нашите очи отворени, а со тоа полека но сигурно сите наши постапки стануваат исправни и сѐ е исполнето со хармонија, едноставност и мир.
Прашања за размислување: Што е она што ми се открило преку Божјата светлина, а претходно ми носело забуна, немир и нејасност? На кој начин фокусирањето на Господ овозможува сѐ што било нејасно да се претвори во чиста визија на мир и хармоничност?
Цитати преземени од „So Send I You“ и „Studies in the Sermon on the Mount“, © Discovery House Publishers

Свето Писмо
Опис за овој план
„Мир: Живот во Духот“ е инспирационо богатство на цитати од делата на Освалд Чемберс, светски познат писател на инспиративни приказни и автор на делото „Моето најдобро за Неговото Височество“ (My Utmost for His Highest). Најди засолниште во Бога и постигни подлабоко разбирање за важноста на Божјиот мир во твојот живот.
More
Благодарни сме на Discovery House Publishers за овој план. За повеќе информации, види: www.utmost.org