Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Освалд Чемберс: Мир - Живот во духотПримерок

Oswald Chambers: Peace - Life in the Spirit

22 ДЕН ОД 30

Епохите и цивилизациите се појавуваат, за по некое време да бидат отфрлени од Бог на еден чуден начин како да не му е грижа за нив. Извонредна работа во врска со вековите е дека секоја ера завршува со некоја очигледна катастрофа. Светите луѓе знаат дека Бог владее и дека секој облак е само прашинка во нозете на Таткото и дека нема потреба од никаков страв. Тој се чувствува уверен во тоа дека овие катастрофални појави се само еднократни и дека крајниот резултат на тоа ќе биде добивање поголем мир и почист карактер. Историјата постојано ги исполнува пророштвата.

Патот на мирот за нас е да се предадеме на Бога и да побараме од Него да нѐ испита, не она што мислиме дека сме, или што другите луѓе мислат дека сме, или она што ние се убедуваме дека сме или би сакале да бидеме, туку велиме: „Испитај ме, о, Господе, да ме истражиш онаков како што навистина сум во Твојот вид."

Прашања за размислување: Што означува падот на диктаторите во врска со ефективноста на мирот што им се наметнува на луѓето? Што ме учи историјата за човечките обиди за мир?

Цитати преземени од „God’s Workmanship“ и „Biblical Psychology“, © Discovery House Publishers

Свето Писмо

Ден 21Ден 23

Опис за овој план

Oswald Chambers: Peace - Life in the Spirit

„Мир: Живот во Духот“ е инспирационо богатство на цитати од делата на Освалд Чемберс, светски познат писател на инспиративни приказни и автор на делото „Моето најдобро за Неговото Височество“ (My Utmost for His Highest). Најди засолниште во Бога и постигни подлабоко разбирање за важноста на Божјиот мир во твојот живот.

More

Благодарни сме на Discovery House Publishers за овој план. За повеќе информации, види: www.utmost.org